Место едноминутен молк, на мечот Грција - Шведска на стадион одекна најпознатиот грчки танц “сиртаки“, кој им стана симбол и кој се прослави во цел свет. Создаден е во 1964-та за филмот Гркот Зорба и е дело на славниот композитор Микис Теодоракис, кој почина на 2 септември на 96 години.