Логото на дресовите кои ги носеа Раул, Роберто Карлос, Гути, Фиго и другите легенди остана запаметено со успесите на „кралскиот клуб“.Во ситуација кога интернетот не беше доминантен, ретко кој знаеше нешто повеќе за Тeka, спонзорот на Реал Мадрид.
За време на мечот Жирона - Алавес (1:1) на кој Кристијан Стуани постигна прекрасен гол, голманот на домашните Јасин Буно направи многу ризичен дриблинг во стилот на Зинедин Зидан. Има среќа што му успеа.
Техничкиот комитет на шпанските фубалски судии објавил како главниот судија на Ел Класико Хозе Марија Санчез Мартинез комуницирал со колегите за време на епизодата со пеналот на Варан над Луис Суарез.
Со примената на филозофијата на Пеп Гвардиола. освен првиот тим, секоја категорија во академијата на Барселона морала да се прилагоди на новиот начин на игра. Во таквиот систем имало место за Ибрахимовиќ, ама не и за Икарди кој ги спакувал куферите и си отишол.
Минатиот петок на полноќ заврши летниот преоден рок во шпанскиот фудбал. До последен момент се очекуваше каков адут од ракавот ќе извади Флорентино Перез кој цело лето беше невообичаено мирен. На крај се реши за играч кој настапуваше за Реал Мадрид.
Ако некој и натаму сомневаше чиј клупски фудбал е најдобар на светот, од синоќа веќе нема дилеми. На Пиринејскиот полустров се игра најдобриот и најуспешниот фудбал.
Валверде реши на терен од прва минута против Селта Виго да пушти една Барселона без играч од сопствената академија, нешто што не се случило уште од далечното гостување во Баскија пред цели 16 години.
За време на меч од втората шпанска лига, тренерот на Културал Леонеса, Рубен де ла Барера доби директен црвен картон поради тоа што прекина контра на Албасете. На крајот мечот заврши како што почна 0-0.
Португалецот во дресот на Барселона, Андре Гомеш често е мета на критики, навреди, свирежи зошто не покажува ниво вредно на Барселона - но никој не ја знаел неговата душевна состојба.
Пред три дена наполни дури 37 години но тоа не му смета да е прв стрелец во Лига Европа со 8 гола и да го држи Атлетик Билбао во мирната зона во Ла Лига. А малку фалело да стане лизгач на брзи патеки.
„Се навикнавме дека тоа е страшно и лошо, но зошто? Кризата е добредојдена. Прав момент да се смени сè од нула. Кога сфативме дека Еибар е мал и сиромашен клуб, тоа ни даде сила и искреност да му ја раскажеме нашата историја на светот“, вели младиот шеф на клубот.
Фудбалскиот клуб Еспањол важи за про-шпански ориентирано друштво кое уште од времето се противи на било каква сецесија и отцепување на Каталонија. Синоќа стотина навивачи на овој клуб гостуваа на „Камп Ноу“ на реваншот од Кралскиот куп којшто Барса го доби со 2:0. Со шпански знамиња ги иритираа домаќините кои возвратија.
Каталонците го најдоа наследникот на Иниеста. Влезе синоќа во 68’ минута токму место Андрес и имаше неколку добри потези. Барса го победи Еспањол со 2:0 (Суарез, Меси) и се пласираше во следната рунда од Копа дел Реј.
Еибар е мало местенце со околу 30.000 жители во Баскија. Истоимениот тим од овој град е најпријатното изненадување оваа зима откако екипата игра во најдобра форма во Европа заедно со Сити и Јувентус.
Еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер во историјата лесно можел да заврши во шпанскиот нисколигаш Кадиз. Како што пишува "Mundo Deportivo", трансферот бил речиси готов во 2005-та.
На 23. ноември 2002-ра се случи нешто невидено до тогаш во светот на фудбалот: не беше првпат Португалецот Фиго да се врати во Барселона во дрес на Реал Мадрид, но првпат го гаѓаа со свинска глава и што уште не.
Клубот кој до пред само неколку лета бил пред гасење затоа што му се заканувал банкрот, годинава е најпријатно изненадување во Примера. Но од причина што го водат шеиците кои се сопственици на Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола ги помага тактички зошто брат му е газда на Жирона.
Минатата недела бекот на Албасете, Мариано Битоло на мечот против Уеска заработил тешка повреда на пенисот после што го сошиле и сега полека се опоравува.
Жерар Пике стана главен херој па дури и на натпреварите на кои не е на теренот. Во Шпанија веќе два дена се зборува за неговата средба со свештеникот пред Мурсија.
Ел диа деспуес се вика познатото шпанско телевизиско шоу кое се занимава со интересни моменти од шпанскиот фудбал кои најчесто ги нема во преносот и се случуваат во позадина.