Се работи за максимално незгодна повреда а се се случило кога соиграчот на Битоло, Украинецот и најдобар голгетер на Албасете, Роман Зузулија при еден скок со нога случајно го удрил Аргентинецот кај пенисот.
По повредата Битоло немоќно легна на тревата и некое време ги викаше лекарските екипи. Во соблекувалната му сошиле дури 10 конци на повредениот пенис.
Битоло синоќа првпат коментирал за непријатниот момент:
„Денес ми е подобро. Се чувствувам подобро отколку на почетокот кога осетив неподнослива болка. Многу ме вознемири повредата но на крај испадна дека не е ништо страшно. Мирно се вратив дома“, раскажал Аргентинецот.
Докторите не му кажале колку време ќе треба да мирува а тој верува дека скоро ќе се врати на терен. Повреда на пенисот е крајно ретка во фудбалот, а еднаш ја доживеа и Стивен Џерард. Во јануари 2014 година фудбалер на Борнмут го нагазил Стиви со копачките на незгодно место па во соблекувална му ја шиеле раната.
„Беше на сред пенисот, имаше многу крв. Болката не беше голема, како обична посекотина“, рекол тогаш капитенот на Ливерпул кој го продолжил мечот. Му сошиле само два конци. На следниот меч против Евертон одиграл 90 минути, дал гол и Ливерпул славел 4:0.