Откако по цели 12 години го напушти „Камп Ноу“, големиот Пеп Гвардиола на масата имал преку 10 понуди од големи европски клубови. Се решил да оди во едно градче во Италија со 197.000 жители.
Во еден од најубавите градови на светот речиси 19 години нема прволигаш. Ретко кој го памети клубот кој некогаш играше во Серија А. Навивачите биле разочарани од разни ветувања, но на крајот на стадион ги вратил лукав американски адвокат со италијанско потекло.
Во историјата на Серија А ниту еден тим не се наоѓал на втора позиција на табела после 23 кола со број на бодови каков што во моментов има Јувентус. Проблемот се вика Наполи.
На дуелот во Серија А меѓу Болоња и Фиорентина, гостите поведоа преку Вертут во 41’ минута директно од корнер. Болоња возврати само една минута подоцна преку Пулгар исто од корнер.
Човекот кој од сенка палеше и гасеше во италијанскиот фудбал, вешто чекал големите екипи да се наддаваат за Џанлуиџи Буфон и од сенка сочекал прилика да го донесе во „Старата Дама“.
2009-та година, римската „Волчица“ пристигнува во Катанија, вториот град по големина на Сицилија. Секоја населба, секое маало на нозе, да им се покаже каде тоа дошле. Линч.
Најдобрата италијанска лига е зад англиската втора дивизија на табелата на потрошени средства за трансфери во јануарскиот преоден рок. И зад американскиот МЛС.
Иако го води Милан речиси три месеци, досега никој не забележал за необичната мотивација на Џенаро Гатузо за своите играчи. После секој триумф им дозволува да му удрат по една заушка/чушка.
Вид Белец, голманот на Беневенто не можеше да го поднесе поразот на својот тим од Торино па реши на Нианг да му удри клоца при едно истрчување од шеснаесетникот. Очекувано доби директен црвен картон без размислување. Вид Белец е Словенец, дете на Марибор кој порано беше голман во Интер.
Се вика Умберто и е хит на социјалните мрежи во Италија. Последно од него е пораката до идолот Инсиње на кој му порачува дека ако го освојат скудетото, ќе држи диета. Ти се колнам му вика, а го игра и популарниот танц од Папу Гомез.
Во 4 од 5 Топ лиги во Европа сè е решено, само во Италија има интрига. Во останатиот дел од Европа, интересна пролет ќе има во Полска, Русија, Турција, Грција. Македонец има шанса да стане дел од историјата на Спортинг.
На денешен ден во 1985 година, еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња Паоло Малдини дебитирал за Милан. На мечот против Удинезе, 16-годишниот бек влегол како замена после првото полувреме и многу им помагал на големите Гали и Барези во одбраната. За 45 минути поминати на теренот со Паоло во тимот, Милан не примил гол.
Италијанското фудбалско првенство паузира оваа недела. Супер можност за еден тон фудбалери да ја збришат на летување во сред јануари. Повеќето уживаат покрај вода и ретко кој се решил за студ. Милинковиќ Савиќ беше дома на божиќна софра, а неговиот колега Луис Алберто глода ребра.
„Ова е рај, мора да сонувам“, изјави најголемиот борец во историјата на италијанскиот фудбал кога го назначија за тренер на Милан. На 9. јануари наполни 40 години и за секоја година има по некоја занимлива искрена изјава.
На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.
Јувентус - Рома, големото дерби за чие ривалство во Италија снимаа и неколку филмови се игра во сабота од 20:45 на стадионот на Јуве. Миралем Пјаниќ и Александар Коларов би можеле да бидат во главната улога на овој меч.
Во 30’ минута од мечот со Торино на гости, капитенот на Наполи го постигна 115. гол во дресот на омилениот клуб и го стигна Диего Армандо Марадона на вечната листа најдобри стрелци за Наполи. Трет е Атила Салустро со 108 гола а четврт Единсон Кавани со 104 погодоци во три сезони. За очекување е Словакот скоро да стане прв стрелец во историјата на клубот.
Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?
Џенова синоќа изгуби 1:2 од Аталанта и го претрпе деветтиот пораз во сезоната. При резултат 1:1, капитенот на Македонија промаши неверојатно чиста шанса, поточно му бранеше Албанецот Бериша.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација постигна убав гол со десна на гостувањето кај Верона во 45’ минута а гостите со три бода од овој меч сега полесно ќе дишат во продолжение од Серија А. Пандев вечерва одигра 64’ минути кога беше заменет со Лападула. Интересно, Џенова не ја победила Верона на гости од 1958. година.
Дебитантот во Серија А, Беневенто по 14 порази по ред стигна до првиот историски бод и тоа против Милан со гол на голманот Алберто Брињоли во последните моменти од мечот. Гатузо имаше деби „од соништата“.