Прв голман кој дал гол во Серија А е Лучидио Сентименти на 17. мај 1942 година за Модена против Наполи. Истиот голман Сентименти дал и други три гола додека бранел за Лацио меѓу 1952 и 1953 година.
Голман со чувство за гол бил и Антонио Ригамонти кој постигнал три гола додека бранел за Комо во 1976-та година. Легендарниот голман Микеланџело Рампуља дал еден гол во дресот на Кремонезе. Тој се прославил со ефектен погодок во 90’ минута од мечот против Аталанта на 23. февруари 1992.
Претпоследен голман-стрелец пред Алберто Брињоли бил добро познатиот Масимо Таиби кој како чувар на мрежата на Реџина постигнал гол против Удинезе на 1. април 2001-ва година а последен големиот Франческо Толдо кој погоди во самиот финиш од дербито Интер - Јувентус во сезоната 2002/2003 на „Џузепе Меаца“.
Што се однесува до италијанските голмани во евро-куповите, Марко Амелија кој бранеше за Милан и Челси, пред повеќе од една деценија како голман на Ливорно во Купот на УЕФА му даде гол на белградски Партизан за пласман на Италијанците во следната рунда.