Најгрдиот и најдискриминирачки извик кој може да се чуе на трибините во Италија за Наполитанците гласи: "o Vesuvio Lavali col fuoco". Такво нешто вчера извикуваа навивачите на Сампдорија, а во обид да ги спречи се појави и претседателот на клубот Масимо Фереро, но и тој си доби среден прст.
Сезонава Фабио Кваљарела се исправи како борец - не многу разговорлив, неизбричен и уверен. На 22 меча постигна 23 гола и стана ударна игла во нападот на препородената Сампдорија со нејзиниот тренер Марко Џампаоло. Но патот до тука му беше пеколен.
За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.
Трет стрелец во историјата на Сампдорија каде повеќе го сакаат од Манчини, Верон и Џанлука Вијали. Три пати паѓал на допинг-тест поради кокаин. За Фиорентина вели дека му била жена а Сампдорија љубовница.
На почетокот на изминатата сезона на многумина би им се простило што не го знаат младиот Чех, но 21-годишниот шпиц кој овие месеци стана најбаран фудбалер во Италија, утрово стигна со авион од Европското за млади и потпиша со Јувентус.
Талентот кој го поседуваше во легендарната генерација на Аталанта, Пацини подоцна во кариерата го демонстрираше во повеќе италијански клубови. Раатот го најде во Верона на која што ѝ донесе експресно враќање во најдобрата лига и стана идол на тифозите.
Сампдорија, сезона 1995/1996: Свен Горан Ериксон, Роберто Манчини, Кристијан Карембе, Кларенс Сидорф и Синиша Михајловиќ. Па па па, какво сликиште е ова. Признајте дека сте немале појма за оваа збирштина на легенди во Сампдорија.
Како што поминуваат годините, вредноста на ретро дресовите од италијанските тимови е сè поголема како и носталгијата за ’90-те години кои ја прославија Серија А.
Благодарение на неговото височество Јутјуб налетавме на еден ретро хајлајтс од Серија А (9 јануари 2005), која имаше посебен шмек кога одеше на Телма. Пет преноси за викенд, па ти си бираш што да гледаш. Во 83 минута Бранко Илиевски му запишува пораз на “својот“ Интер откако Кутузов ја носи Сампдорија до водство од 0:2 на Меаца. Остатокот ќе мора сами да го видите.
Еден доста интересен, атрактивен и богат ретро флеш од Серија А со 9 голови во кои главни протагонисти се двајца актуелни тренери кои важеа за големи стрелци во 90-те.
Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Како секој Аргентинец, така и Ариел не ја криел страста за фудбалот, танцот, алкохолот и убавите жени. Носталгијата за тангото го врати од Истанбул во Буенос Аирес поради што го суспензираа на две години и падна во депресија. Кариерата ја заврши како што ја почна, пред 40.000 навивачи.
Ако не сте гледале видеа со претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, а ве интересира како се глупира, да гледате, ги има по нетов. Во најновата епизода со него новинарка го чека за изјава, а тој:
Бразилскиот репрезентативец Фернандо ќе заработува 3,5 милиони евра годишно и ќе остане должен во Италија 1.500 евра затоа што не му платил на фотографот. Дел од неговиот одговор за обвинувањата: А порцијата на мајка му кој ќе ја плати?
Вадете ги дресовите, не заслужувате да ги носите. Играјте со мадиња и победете веќе еднаш. Вакви извици летаа од трибините овој викенд во Бундеслигата и Серија А од навивачите кои го загубија трпението и заборавија да се радуваат на победа.
Видеото во кое водачот на навивачите на Сампдорија им држи говор на играчите кои се борат за опстанок во лигата ја подели Италија. Едни се чудат како некој таму безделник го постројува целиот тим, а други се согласуваат со неговиот збор дека кој не е спремен да се бори нека крене рака и нека напушти.
Покрај Работнички, сензација во третото квалификациско коло синоќа направи и Војводина која со вкупен резултат 4:2 ја елиминираше Сампдорија. Италијанците и покрај тоа што во Нови Сад отпатуваа со негатива од 4:0, најдоа време и за својот миленик кој им го донесе единственото Скудето во историјата.
Ретко кој може да се пофали со 24 годишен стаж во италијанскиот фудбал, на 36 години да издржи финале во Лига на шампиони цели 120 минути, да освои 10 трофеи со Сампдорија и потоа како ветеран да го бараат во Јуве и Милан.
Во Турција продолжува полемиката околу тоа зошто министерот за надворешни работи од државната каса му помогнал на клубот Анталијаспор за што побрз трансфер на Камерунецот.
Во 2012 година клубот од Џенова беше казнет со еден бод поради еден фудбалер вмешан во местење, а Европската куќа на фудбалот не им дава дозвола на екипи вмешани во такви скандали.
Претседателот на Чеканите, Дејвид Голд на Твитер објави дека Вест Хем го ангажирал Обианг од Сампдорија, но постираше фотографија од дефанзивецот на Јувентус, Анџело Огбона.
Во време кога Наполи го имаше Марадона, а Милан Ван Бастен, најпрестижниот пехар во Италија отиде во рацете на југословенската легенда Вујадин Бошков, кој инаку почина лани на 82 години.
Фудбалерот кој со полн куфер одличја во јануари пристигна во Џенова и го облече дресот на деветтиот клуб во кариерата денес слави 34 роденден. Го прослави пет дена порано со гол за Сампдорија.