Место да биде релаксирачки дуел меѓу две екипи кои синоќа не се бореа за ништо, мечот во претпоследното коло меѓу Сампдорија и Наполи се претвори во скандалозен, само поради одредени ликови меѓу домашните навивачи кои почнаа со дискриминирачко скандирање:
"o Vesuvio Lavali col fuoco" (Везув посипи ги со оган)
Судијата во еден момент го прекинаа мечот, а на терен влета претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро кој не успеа да смири ситуација.
„Нашите навивачи се за пример, тој што прави вакви одредени гестови не му припаѓа на фудбалот. Фудбалот е љубов и страст во секој град. Самп е среќно семејство и тие четворица избркани од дома немаат врска со фудбал“, изјави Фереро.
Се згрози и коментаторот кој ги осуди торковците кои се гледаат во пренос како му покажуваат среден прст на Фереро. Меѓу нив и едно дете.
Storico a Genova! @unavitadacinema va a provare a calmare i tifosi dopo la sospensione per cori discriminatori contro i napoletani e qualche intellettuale risponde a gesti 🖕🏻 🖕🏻 🖕🏻#SampdoriaNapoli #RomaJuve @annatrieste pic.twitter.com/fceQqzbSWv
— Andrea Bricchi (@AndreaBricchi77) May 13, 2018
Моментот кога судијата го прекина мечот и кога се слушаат тие извици.