Италијанецот Пјетро Верховод, син на украински војник од Црвената армија беше присутен на италијанската фудбалска сцена од 1976-та до 2000 година. Го сметаат за легенда на Серија А со 562 настапи, петти по број во историјата на лигата.
Пјетро важел за многу силен, цврст и агресивен дефанзивец, топ спремен и физички и психички, со голема способност за читање на играта и играч кој тешко можело да се помине. Гери Линекер за него изјавил дека е најтешкиот противник со кој се сретнал.
Кариерата ја почна во Комо на 17 години на кој му помогна од трета да стигне до прва лига, а потоа по една сезона играше за Фиорентина и Рома. И со двете екипи беше во битка за Скудетото со Јуве, а му успеа со Римјаните во сезоната 1982/1983.
Следниот трансфер во Сампдорија, од шампионски состав во екипа која заврши на седмата позиција беше изненадување за фудбалер од таков калибар, но тоа се покажа како негов најдобар потег во кариерата.
Верховод ги фати најубавите времиња на Сампдорија и стана легенда на клубот каде остана 12 сезони од 1983-та до 1995-та и освои 10 трофеи. Најпрво Купот на Италија кога во финале по победија Милан и потоа го освоија уште четири пати.
Три пати го подигнаа пехарот и во Супер Купот, а историска сезона за клубот беше 1990/1991 кога низ улиците во Џенова се славеше првото Скудето под водство на Вујадин Бошков кога во составот беа Манчини, Виали, Паљука и Катанец.
Една година претходно Италијанецот со украинско потекло се прослави и на меѓународна сцена кога Сампдорија го совлада Андерлехт со 2:0 и го освои Купот на куповите на победниците. Пјетро му даде гол на Грасхоперс во четвртфинале и потоа на Монако во полуфинале. Таа генерација играше и во финале во ЛШ во 92-ра кога загуби од Барселона.
Тој не застана тука со кариерата и на 36 години прифати да замине во Јувентус во прав момент, бидејќи со Јувентус стигна и до трофејот од Лигата на шампионите. Верховод ги одигра сите 120 минути за Старата дама која го совлада Ајакс на пенали.
По Јувентус, преминот во Милан не му се посреќи бидејќи заврши на 11 позиција, а неуморниот Пјетро се реши за уште еден трансфер, овој пат во Пјаченца, каде остана три сезони и се пензионираше на 41 година.
Заборавениот јунак од Серија А кој направи врвна кариера, може да се пофали и со златен пехар од Мундијалот во 1982 година кој го освои со Италија. Сега работи како тренер на Будапест Нонвед.