Таг: рома

Стриптиз на градоначалникот ако Рома освои Скудето

Рома сезонава ја изненади целата спортска италијанска јавност со маестрален старт во Серија А од девет победи на девет меча, но уште повеќе изненади изјавата на градоначалникот на Рим во случај „Римската волчица" да слави на крајот.

Двајца италијански навивачи завршија зад решетки

Судот во Рим им одреди вкупна 10 годишна затворска казна на двајца навивачи на Рома кои беа дел од групна тепачка со фанови на Тотенхем.

10 причини зошто Рома треба да верува во скудетото

„Римската волчица" за сега им го краде шоуто на Јувентус и Наполи за кои пред почетокот на првенството во Италија и оваа година се веруваше дека имаат најголеми шанси за титулата. Но по само осум поминати кола италијанските медиуми ја фаворизираат Рома.

Како ранетата римска волчица се врати на врвот во Италија

Никој не очекуваше ваков развој на настаните во Италија. Рома е на првата позиција со максимален ефект по седум одиграни кола, а викендов изненади и со демолирањето на Интер среде Милано. Ова е приказната за човекот кој ја направи римската револуција.

Рома ќе биде шампион на Италија?

По перфектниот старт на Рома, во прилог на „римската волчица" и оди и традицијата која вели дека девет од 11 тимови кои забележале шест победи на почетокот од сезоната на крајот биле шампиони.

Римското дерби во Индонезија

Навивачката страст не познава граници. Доказ за тоа се индонезиските фанатици за фудбал кои жестоко ги бодрат своите омилени клубови од најсилните европски првенства. Ви ги претставуваме оние на Рома и Лацио кои заедно го следеа последното дерби исто како да се на стадионот „Олимпико" во Рим.

Навивачите на Лацио продолжуваат да ја тролаат Рома

И за време на летниот период кога паузира фудбалот во Серија А, навивачите на Лацио си наоѓаат активности за да не им биде досадно. Откако минатиот месец „ја погребаа" Рома, сега ги тролаа ривалите со порака од авион.

Рома го претстави новото лого

Со иста форма и без големи промени, тимот од Рим се пофали со новото лого на клубот.

Тоти и неговиот најверен навивач

Римското дерби е посебен меч за Лацио и Рома и нивните навивачи. Еве како се подготвуваа капитенот на „Римската волчица“ Франческо Тоти и големиот фан Пепе на 8 април годинава пред одигрувањето на вечното дерби.

Понеделнички фудбалски мерак

Од фудбал никогаш доста. Како загревање за тридневните фудбалски возбудувања со реванш натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, вечерва во Манчестер и Рим ќе се водат битки на двата големи градски дерби меча. Јунајтед против Сити, Рома против Лацио.

Нови правила за влезниците во Италија

Екипата на Рома одлучи прва да им излезе во пресрет на своите навачи кои веќе четири години протестираат против начинот на кои ги обезбедуваа билетите за гостувањата. Новиот модул за купување билети нема да им ја загрози приватноста.

Голчиштето на Тоти

Рома го совлада Јувентус со 1:0, а единствениот погодок на натпреварот беше ремек-дело на Франческо Тоти. Неговиот проектил патувал со 113 km/h.

Најлошата голманска интервенција

Срамниот пораз на Рома на домашен терен од Каљари со 4:2 го надополни и оваа очајна реакција на уругвајскиот голман Мауро Гоикочеа.

Освалдо ќе ги претепа местачите

Никој во Рома не смее да намести натпревар, затоа што Пабло Освалдо нема да го пријави местачот, туку ќе го претепа до смрт.

Лацијалски Derby della Capitale

Внимание: Гледањето на видеово може да предизвика солзење на очи кај навивачите на Рома.

Лацио со пресврт до триумф на Derby della Capitale

Лацио полека ја добива битката за превлст во Рим откако триумфираат на трето дерби по ред. Овој пат тие победија на „базенот" во Рим со играч повеќе и пресврт по почетното водство на Рома.

Бакнеж за жолт картон

Рома и Наполи одиграа 2:2, а стрелец на израмнувачкиот гол за домаќините беше Бразилецот Симплисио. Тој го прослави голот со бакнеж за синот и сопругата, но судијата не беше многу сентиментален и му додели жолт картон по враќањето на теренот.

Непријатна тишина

Тренерот на Рома, Луис Енрике остана без зборови по поразот од Јувентус. За едно новинарско прашање му беа потребни дури 50 секунди да го смисли одговорот.

Јуве ја преслуша Рома и се доближи до Скудетото

На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.

Влезниците за Јуве-Рома распродадени за 40 минути

Неделниот натпревар помеѓу Јувентус и Рома предизвика невиден интерес.