За она што му се случило на еден итало-Американец пред 17 години кога се случи страшен терористички напад во САД, медиумите дознаваат сега од неговата лична исповед.
Доскорешниот тренер на Реал Мадрид кој освои сè што можеше да се освои, сега заслужено одмора со своето семејство. Италијанскиот новинар Танкреди Палмиери кој работи за beINSport објавил колаж фотографии како Зизу ја чека жена му Вероника на шопинг.
Минатиот петок на полноќ заврши летниот преоден рок во шпанскиот фудбал. До последен момент се очекуваше каков адут од ракавот ќе извади Флорентино Перез кој цело лето беше невообичаено мирен. На крај се реши за играч кој настапуваше за Реал Мадрид.
По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.
„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.
Победата на „јорганџиите“ над Реал во Суперкупот на УЕФА му покажа на светот дека денешниот Атлетико Мадрид нема да биде само трета сила поред во шпанскиот фудбал, туку сериозно ќе се бори за шампионската титула во сезоната 2018/2019.
По криминално изведениот пенал против Баерн Минхен во полуфиналето на Лига на шампиони кога во целиот свет го тролаа, Серхио Рамос не спиел цела ноќ и решил да смисли нова тактика со која ќе ги фрла голманите на земја.
Вечерва од 21 во главниот град на Естонија, Талин, ќе се игра мечот за Суперкупот на Европа меѓу победникот на Лига на шампиони Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Атлетико Мадрид.
Вечно третиот резервен голман имал интересен фудбалски пат кој на крајот го доведе до шпанската репрезентација и Реал Мадрид, клуб поради кој доби отказ од сојузот.
Тивкиот и повлечен Лука Модриќ не би можел да опстане во светот на менаџерските хиени ако крај него не била таа - русокосата Загрепчанка која детството го поминала во канцелариите на Максимир.
Иако се шушкаше дека ќе ги спакува куферите да му се придружи на Кристијано во Јувентус, бразилскиот магионичар се врати на тренинзите во Реал и покажа кој е кој.
Уште четири дена остануваат до стартот на англиската Премиер лига. Во петок Манчестер Јунајтед на свој терен го пречекува Лестер, а сезонава ќе даде јасен одговор за иднината на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер.
Најдобриот белгиски и можеби европски голман, Тибо Куртоа има намера преку проверени методи со отсуства од тренинзи и натпревари да го присили Челси да крене раце од него и да го продаде. Но што ако клубот се заинаети и го стави да брани за младинците цела сезона?
Во ситуација кога Кристијано замина во Јувентус, а најголемите ѕвезди одмораат уште некој ден по напорите на Светското првенство, на тренинзите на Реал за забава е задолжен младиот талент Дани Себалјос.
Винисиус Жуниор го одигра својот прв меч за Реал Мадрид на Интернационалниот Куп против Манчестер Јунајтед кој заврши 2:1 за англискиот тим. Големата бразилска надеж за која Кралевите извадија 45 милиони евра изгледа многу го гледал Нејмар. На 18 години од тебе се бара да се докажуваш, а не да паѓаш ко покосен, па дури и ако те допреле во дуелов.
Од 2006-та година до денес, пехарот од Лига на шампиони дури осум пати патуваше во Шпанија, само кај две екипи, се знае кои. Реал и Барса одбележаа една голема победничка ера и тоа копирајќи се едни со други.
Алваро Одризола е најновиот член на Реал Мадрид. Се работи за 22 годишен десен бек кој дојде од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Ваква контрола на топка не сте виделе во живот.
Од човек кој се вика Кристијано Роналдо и во 9 сезони за клубот дава 450 голови и освојува вкупно 15 трофеи од кои 4 во ЛШ, тешко е да склопи видео за благодарам во минута, две или три. Кралскиот клуб го испрати Роналдо на кралски начин со страшно јака компилација на голови и пехари во раце која трае скоро 7 минути и се гледа во еден здив.
Шпанската фудбалска легенда со 16 сезони и 16 трофеи во кралскиот клуб, денеска слави роденден. Можеби некој од вас не знае дека пред да стане член на Реал, се калеше во Атлетико и за да успеат да им го земат го излажале, ама на многу штосен начин.
Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.