Таг: мозок

Зошто под туш ги добиваме најдобрите идеи?

Темава е за психолози, нам ни падна во очи бидејќи се спомнуваат две дефицитарни работи во оваа средина: мислењето и туширањето.

Мозок не е проблем, мозок нема

Случајот на еден Французин скоро една деценија ги фрла во депресија научниците кои беа уверени дека нешто знаат за биолошката основа на човековата свест. Имено, нему му недостасуваат 90% од мозокот и живее нормален живот. А не е пратеник. Добро де, работи во администрација.

Огромната моќ на несвесниот мозок

Секојдневно успеваме да обавим многу операции исклучиво потпирајќи се на несвесниот дел од мозокот. Во многу случаи, колку повеќе го користиме свесниот дел, толку мзокот станува понеефикасен. 

Љубовта е слепа две години

На фамозното прашање колку треба време да се чека пред да се стапи во брак со некого, човек кој знае како работи мозокот вика: 2 години.

Зошто не зборуваме со устата, туку со ушите?

Никогаш досега не сме забележале ништо чудно при говорењето на поранешниот американски претстедател Бил Клинтон. И после статијава веројатно нема да забележувате, ама барем ќе знаете што му е.

Што е тоа „длабоко читање“?

Звучи ко наслов на порно филм. Но тоа е всушност една загрозена практика, која треба да ја заштитиме како да е историски значаен објект, занает во изумирање или уметничко дело.

Зошто 600 експерти за мозок бојкотираат огромно истражување на мозокот?

Не се случува баш често научни истражувачи да вртат грб на проект од нивен сектор кој ќе им донесе близу 1,5 милијарди долари. А токму тоа му се случува на еден проект на Европската Унија кој е пред бојкот од самите изведувачи на проектот.

Забораваме за да не полудиме

Ингрид Бергман велеше дека среќата е составена од добро здравје и лоша меморија. Науката потврдува за последново, дознавајќи дека мозокот активно работи на тоа да заборави некои работи.

Кој е тука психопатот?

Едно попладне во октомври 2005, невронаучникот Џејмс Фалон разгледувал снимки од мозоци на сериски убијци. И открил нешто неверојатно, за што напишал и книга.

Читањето е добра работа

За оние кои и онака уживаат во читањето посебни аргументи за неговата корисност веројатно и не се потребни. За оние на кои им е неопходна наука за да се уверат во наведеното, еве компилација од истражувања на оваа тема.

Или брзо или точно, бирај

Невролозите открија дека човековиот мозок може да донесе брзи одлуки и прецизни одлуки, само не во исто време.

Кој тоа газдува со нас?

Замислете гадни микроби како шпартаат по вашиот мозок и праќаат сигнали низ рбетните нерви. Или како милион мали гадови дремат во вашиот стомак и одредуваат што ќе правите. А сега, замислете дека ова не е хорор од научна фантастика, туку од природата.

Знаеме дека одобрувате

Ако ова го читате, голема е веројатноста дека веќе сте решиле да се согласите со тоа. Бидејќи мозокот главно бара информации кои ќе ни го потврдат она во што веќе веруваме. Ах, како не ставивме наслов: Драган Вучиќ е крал!

Мозок на потивко

Гледањето порно згаснува одредени делови од мозокот (и машкиот и женскиот). Или, зошто никогаш не забележувате детали во порничите.