Пред финалето на ЛШ во Милано се собраа Бобо Виери, Марко Бориело и Бразилецот Роналдо. Се загреале добро во ресторан, а во игра влегле во дискотека подоцна.
Градот на модата за првпат сезонава ќе гледа европски фудбал, поради тоа што ни Милан ни Интер не ја помирисаа Европа цела 2015/2016. Реал 12 години чекаше јубилејна 10-та титула, сега 90 минути го делат од 11-та. Атлетико има многу мотиви.
На 24. мај 2014-та година Реал и Атлетико играа во финалето на Лигата на шампионите. Кралевите тогаш се спасија со израмнувачки гол во 94. минута, а во продолженија славеа со 4-1. Во сабота Атлети ќе има шанса да им се одмазди за болниот пораз.
Човекот што работи на паркинг најпрвин ќе му каже дека Џенаро му е најголем идол и поради тоа своето куче го нарекол како него, затоа што биле исти на теренот. Тука започнува сè, а набрзо следува кулминацијата. Во целата приказна свесно е вклучен и Кристијан Броки тогашен соиграч на Рино од Милан, а излегуваат и комшии кои се бунат на бучавата и борци за правата на животните.
Откако декември го заврши 30 дена по ред завиен во смог, Милано укина возење коли и даде попуст за јавен превоз. Годинава градот ќе ја фати работата со време, па одлучи да им плаќа пари на луѓето кои со точак ќе одат на работа.
Во праволиниското спортско коментирање на поднебјево, се прашуваме како би било доколку има некој позитивец како Тициано Крудели кој целиот живот навива за Милан и ги коментира натпреварите на овој клуб за италијанскиот Скај Спорт. Урла против Карпи и Киево, па може да замислите како се однесува против Интер.
Откако при првиот престој во Милан го фатија како пуши цигари со кондуктерот во возот при враќање од едно гостување, во клубот сега му наложија кодекс на однесување на проблематичниот шпиц.
Во склоп на турнејата во Азија, утре од 14 часот во кинескиот Шенџен ќе играат Милан и Интер, а средбата е повеќе од дерби поради борбата за освојување на Ориентот.
14-годишно момче скокнало со другарите во еден милански канал, удрило во ѕид по што лекарите 42 минути се бореле за неговиот живот. Откако се разбудил од кома после 4 недели, првото прашање му било за актуелниот италијански шампион.
Новиот фудбалски храм кој Милан вчера официјално го претстави во јавноста преку проектот, би требало да биде завршен за четири години. Но сега проблемот е дали ќе има место за сите?
Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Денес е последниот ден од зимскиот трансфер период, денот кога целото внимание на италијанската фудбалска јавност ќе биде насочено кон еден хотел во Милано.
Утрово Милано се разбуди со сосема неочекувана подморница на сосема неочекувано место, посебно ако имаме во предвид дека градот од никаде не ни помирисува море.
Јака риба на штикла петнаесет никогаш не се замислува во домаќинско сценарио, нели? Ама, ако поминете позади Дуомото во Милано, не е чудо да налетате на вашата сексуална фантазија која самоуверено влегува во еден од најлуксузните бутици и наместо со пар Маноло Бланик искача со кеса кромид и кило моркови.
Ако си во ресторан во Милано, можеш да избираш меѓу два вида вода: обична вода во шише или минерална вода исто така во шише. Што и да одбереш, ќе те чини 2 евра.