Микаел е жив и со оглед на тоа што му се случило изгледа добро. Целиот настан се случил на еден канал во Милано, каде Микаел со четворица другари скокале во реката, но при неговиот пад удрил во ѕид и ја изгубил свеста.
На Брзата помош и пожарникарите им требало 42 минути да го извлечат од ѕидот, затоа што бил заглавен. Откако го извлекле, Микеле бил префрлен во болницата Сан Рафаеле во Милано каде четири недели бил меѓу животот и смртта.
Откако минатата недела се разбудил од кома, првото прашање до неговите родители гласело: „Уште ли е Јуве во Лигата на шампионите“?
Неговиот доктор, Алберто Ѕангрило кој е и личен физиотерапевт на Силвио Берлускони, изјави за италијанските медиуми дека будењето на момчето од кома е неговиот најголем успех во кариерата и дека најверојатно студената вода му ги одржала виталните органи во живот.
Навивачите на Јувентус веќе отворија иницијатива клубот да му овозможи на Микеле да го запознае клубот и играчите одблизу, како и да гледа некој натпревар на Старата дама.