Годинава во Серија А не само што се игра топ фудбал, туку и стадионите се полни како ретко кога во последните неколку сезони. Тифозите прават прекрасни изданија на трибините.
Навивачите на Милан се задоволни од преодниот трансфер рок. Клубот заработи од продажбите и позајмиците на Пјонтек, Родригез и Сусо, а екипата ја засили едно интересно дете кое ненамерно откри една глупост на тренерот Пиоли.
Јазикот го зборувало едно племе во далечните карпести предели во Јужна Америка, а денес се останати уште пар луѓе кои знаат барем нешто од овој необичен јазик.
Кога Рафаел се родил, Златан ја почнувал кариерата во Малме, а кога Рафаел пак ја почнувал кариерата, Златан играл за Манчестер Јунајтед со 18 годишен славен и трофеен фудбалски багаж.
Серијата на Росонерите откако дојде Ибра продолжува со петта победа во низа (3 во првенство и 2 во Куп). Но овој пат на навивачите им ги искинаа и онака кревките нерви. До 90-та минута имаа елиминација, но на крај се пласираа во полуфинале.
Брајант беше навивач на Милан, носеше нивен дрес, а тоа им го кажа и кога ги посети во Миланело и тоа на италијански. Погледнете ја оваа атмосфера пред четвртфиналниот дуел од Купот на Италија меѓу Милан и Торино. Морници.
Брајант беше голем, баш голем навивач на Милан, посебно затоа што раскажуваше дека најубавите спомени од детството ги носи од Италија, каде татко му Џое играше кошарка.
Не дека он сам ги препороди, ама друго е кога ќе добиеш таков играч со авторитет во сред криза. За кусо време резултатите се поинакви, а табелата драстично подобра со реални шанси дури и за Лига на шампиони.
Синоќа се навршија 35 години од дебито на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, капитен на Милан и денес раководител на овој клуб за кого играше татко му, а денес игра и син му.
Росонерите пркнаа малку и успеаа да ја прекина лошата резултатска низа, но имаат уште многу работа, особено во одбраната која им е кревка. Џиџо ги спаси од чист пораз со опасни интервенции откако ја оплеска.
Еден од најбогатите луѓе на светот и најбогатиот Европеец, Бернар Арно е близу до купување на мнозинството акции во Милан. Овие гласини за потенцијална зделка одамна се плетат, но во последните недели се позасилени.
Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.
Што мисли да прави и да каде ќе стигне со Евертон ќе покаже времето. Но кого и да тренира, од секогаш како тренерско име ќе потсеќа на Милан, клубот кој се мачи да се крене, а со него беше на најголеми височини.
Двојно поблиску се до зоната на испаѓање, отколку до четвртата позиција која носи во Лига на шампиони, а на 17 натпревари имаат постигнато 16 гола. Ваков Милан не паметиме откако гледаме фудбал.
На Меси и на Кристијано им се поклонуваме, а вистинскиот Роналдо уживаме да го гледаме. Бразилецот во Италија играше за Интер и за Милан. За првите постигна 49 гола на 68 меча а за вторите 9 на 20. Неговите потези ќе останат засекогаш.
На последните 6 меча одиграа реми со Лече и едвај го тепаа СПАЛ. По 13 минати кола од вкупно 39 можни бодови освоија 14 и се на 12-та позиција со мизерни 12 постигнати гола. Полош Милан немало во последни 30 години. И згора на сè на еден час пред мечот со Наполи го прават ова:
Матео Салвини, човекот кој до скоро беше вице-премиер и министер за внатрешни работи на Италија и човек кој се декларира како голем навивач на Милан, не баш пријатно му честиташе роденден на Шпанецот Сусо.
11 гола на 11 меча може да имаат само клубови од долниот дел на табелата, но не и Милан. Росонерите се до толку слаби во напад, што Болоња, Сасуоло, Лече и Џенова кои се под нив на табела, имаат подобра реализација. Несфатливо.
Даниел Малдини има 18 години. Роден во 2001-ва година, игра за младинците (Primavera) на Милан чии легенди се неговиот дедо Чезаре и татко му Паоло. Даниел е фудбалер од среден ред, минатото лето беше на американската турнеја со првиот тим, но од стартот на сезоната е назад со младинците.
Навивач на Милан направил компилација на како што вели само сериозни грешки од синоќешното гостување на Олимпико каде загубија 2:1. Се фатија за Сусо дека ништо не играл, а навивачов кој размислува порационално вели вака:
Вчера објавивме видео, односно повеќе видеа со еден навивач на кој му дојде преку дур од резултатите на Милан, па најави еден несекојдневен вид на протест. Одзивот не му е воопшто лош. Во Милано и околината како на секој чекор да има по една македонска свадба.
На еден навивач на Милан му скурчи, ама ептен, а и како нема кога место Милан да го шине Лече 5:0, прима гол во 92-ра и игра нерешено. Никако не може да се пронајдат, ни идентитетски, ни играчки, ни резултатски.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
16 години кариера, 12 екипи, 0 трофеи и плус многу добиени откази. Веста за смената на Џампаоло, не донесе баш некоја радост кај навивачите на Милан. Плус ова е осмо тренерско отпуштање за пет години, што значи можеби и не е веќе до тренерот м?