Ако му го отворите Инстаграмот на Рафаел Леао ќе сфатите што е муабетот. Младиот португалски напаѓач има привилегија да го носи дресот на 7 кратниот европски првак, за што веројатно е свесен, а уште повеќе е свесен и пресреќен со кого има можност да игра во напад.
Тој е до толку во облаци што синоќа сите постови му беа поврзани со асистенцијата која му ја направи на Ибрахимовиќ за конечни 4:2 во Куп натпреварот против Торино.
Самиот признава од колкава тежина е неговиот партнер во напад, инаку постар од него 18 години и пазете му го погледот кон него.
„Имав обичај со него да играм на Плеј Стејшн, а денеска му асистирав. Никогаш не престанувајте да сонувате“.
Следуваа и други објави поврзани со него и Ибра кои ги преземал од други профили и ги постирал кај него.
Меѓу нив и асистенцијата до Ибрахимовиќ.
20 годишниот Леао потпиша за Милан на 1 август лани. Кај Марко Џамполо немаше голема минутажа. Но затоа поголема доверба му дава Пиоли кој го става во прв состав во тандем со мега ѕвездата.
До сега има постигнато 2 гола на 17 настапи. Деби голот против Фиорентина ќе го памети до крај на животот.
Сите 6 гола од синоќешниот меч.