Најдобриот показател дека Серија А во изминативе неколку години има проблем со посетеноста на натпреварите е долната линија по која упорно се движат бројките на продадени годишни влезници.
Никој не ветува како кинеска компанија која влегува во фудбалски клуб. Камиони, милиони, билиони се споменуваат на презентациите, а подоцна навивачите сфаќаат дека не е баш сè така розово со сомнителните фондови од Азија.
Пред 13 години на 6. октомври, Кака се запиша во листата на стрелци на големото миланско дерби. На асистенција на Гатузо (да, на Џенаро Гатузо со лева), Кака постигна убав гол со глава во 40. секунда од првото полувреме.
Еден од најголемите капитени во историјата на фудбалот, Паоло Малдини сè уште не донел конечна одлука дали ќе ја прифати понудата на Кинезите кои го купија Милан, да влезе во спортскиот сектор на тимот кој неколку години не знае каде тера.
Завчера на Франческо Тоти роденден му честитаа од Папата и Лионел Меси, до претседателите на Кина и Куба. Утрово капитенот на Рома му честиташе роденден на човекот без кого италијанскиот фудбал сигурно немаше да биде ист низ историјата. Ил Президенте наполни 80 години.
Малер до малер го следи славниот Милан. Таман кога навивачите се израдуваа на веста дека Кинези го купија клубот и дека конечно ќе може со ќејф да одат на стадион и да гледаат фудбалери, а не дрва, нов потрес го фати клубот од улицата Дурати во Милано.
Кога од една страна ги имаме Бокшиќ и Салас, а од другата Шевченко и Веа, тогаш зборуваме за најносталгичното време на италијанскиот фудбал. Немаше потреба од барање место по кафулиња или да ти сецка некој стрим како сега. Имаше по три, четири, а потоа и по пет тв преноси секое коло.
Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.
Фудбалерите од Островот не секогаш играа важна улога во Серија А, така што голманот на Англија Џо Харт ќе има голема задача во земјата каде навивачите знаат да бидат многу разгалени. Конечно некој да го сака Џо Харт. Откако Пеп реши дека за него нема место во тимот, голманот на англиската репрезентација го пречекаа стотици навивачи во Торино во вторникот.
Во автобиографијата насловена „Јас, Златан Ибрахимовиќ“, Ибра открива за бројните тепачки со колегите низ годините. Пишува за скршеното ребро во тепачката со Огучи Онјеву во Милан, за тоа како одел кај курвите во Малме да прави циркус со муштериите.
Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.
Навивачите на Црвена звезда сериозно ѝ се намерачија на УЕФА по одлуката на Европската фудбалска куќа да го признае Косовскиот фудбалски сојуз како нова членка која ќе може да игра квалификации за ЕП и СП.
Ако пред десетина години го гледаа како семоќен, денес „Uncle Fester“ е предмет за подбивање. Од лето во лето патува ко бајаги да договори трансфер, а се враќа со празни раце поради што навивачите на Милан сакаат да си оди од клубот што побрзо.
Ливерпул и Јувентус во Франција на Европското ќе имаат по 12 фудбалери, а главниот град на Исланд е рекордер со 15 репрезентативци. Милан со никогаш помалку репрезентативци во последните 30 години.
Тиквата е одамна пукната и веќе не се знае кој со кого е искаран на релација играчи-навивачи-раководство-тренери. Берлускони смени 5 тренери за 3 години, а Милан нема освоено никаков трофеј веќе 5 години. Газда Силвио се закани дека може да секнат парите ако продолжат вака.
Кога во кариерата ќе немаш ниту една дамка, екцес, намерен фаул, инцидент, скандал, а си одиграл повеќе од 600 меча за клуб и репрезентација, тогаш значи дека си Паоло Малдини. Едноставно единствен.
Еден од најдобрите италијански фудбалери тргнал од Америка, земја во која емигрирале неговите баба и дедо со брод од Италија во ’60-те години. Го исполни својот и сонот на татко му, да ја носи капитенската лента на Аѕурите.
Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.
Ветеранот на Милан кој е втор голман поради талентот на тинејџерот кој е 22 години помлад, раскажува за пријателството кое се родило со поранешниот борец од среден ред и поранешниот играч, а сега тренер на клубот.