Таг: манчестер јунајтед

За успехот на Јунајтед не е заслужен само Солскјер, туку и еден човек од сенка

Неговото влијание во Јунајтед било големо уште во ерата на големиот Сер Алекс кој лично се заложил Фелан да се врати во клубот затоа што ги познава состојбите од внатре. Идејата на Ферги била полн погодок.

Давид де Хеа - Спајдермен меѓу голманите

Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.

Фудбалер на Манчестер кани на македонски ајвар

Немања Матиќ и Златан Ибрахимовиќ важат за добри другари. Кариерата во еден момент ги спои на славниот „Олд Трафорд“ каде Србинот остана а Швеѓанецот со балкански корени замина да игра во Лос Анџелес. Но сега Немања го кани Ибра на македонски ајвар.

Хорор фаулот над Погба за кој Шелви не доби црвен

Иако беше најдобар на теренот за својот тим кој изгуби 0-2 од Јунајтед, малку фалеше Џонџо Шелви да добие директен црвен картон и не е јасно како судијата не го виде ова?

Програмата за традиционалниот Боксинг деј во Англија

Божиќното коло не е обично коло во англискиот фудбал. Секоја година традиционално луѓето фамилијарно уживаат во најдобрата лига на светот, на најголемиот христијански празник - Божиќ.

Сите го викаат Солскјер а самиот кажа како се изговара презимето

Нема стриктно одредено правило во кој јазик како се изговара па мораме и ние така. Некои новинари сакале лично од усните на Оле Гунар да слушнат како се презива и тоа да го земат за оригинал. Ама тој им вика да изговараат како им е најзгодно зошто и неговите дома имале проблем.

На сите маки во Манчестер, Погба најде емоџи и смајли да прави

Во историјата на Јунајтед ретко играл фудбалер кој толку ноншалантно се однесувал кон грбот, дресот, навивачите.

Првото нешто што го направил Сослкјер кога се вратил на „Олд Трафорд“

Дента на неговото враќање во својата база, новиот тренер на „црвените ѓаволи“ решил прво да се види со неговата најомилената личност таму.

Како новиот тренер на Манчестер, Солскјер води тренинзи

45-годишниот Оле Гунар Солскјер го паметиме како голгетер кој најчесто влегуваше од клупата и даваше голови. Тој веќе некое време е тренер на норвешкиот Молде но од денес и официјално ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Договорот важи до јуни следната година, кога Солскјер ќе се врати одново во Молде (освен ако не направи чудо на „Трафорд“).

Фото на денот за Манчестер Јунајтед

Едно време во одбрана ги имаа Видиќ и Фердинанд, а сега ги имаат Смолинг и Баји. Лукаку и Погба место најважни, им станаа најкутри играчи. Во Премиер лига заостануваат -19 од лидерот Ливерпул, а во топ 16 во ЛШ го добија ПСЖ. Плус Мурињо денес им го избркаа, според некој лош потег, за друг потег на место. Како и да е, муабетот е следен:

895 дена живеел во хотел, платил околу 537.000 фунти

Новинарот Сајмон Џонс од лондонскиот Evening Standard пишува дека Жозе Мурињо никогаш не го уживал престојот во Манчестер Јунајтед.

А вака збореше Жозе

На клупата на Манчестер Јунајтед Мурињо седеше на 144 натпревари и забележа: 84 победи, 32 нерешени и 28 порази. Гол разлика 243:117. Утрово доби прилично очекувана шут-карта.

Мурињо отпуштен од Манчестер Јунајтед

Преку официјално соопштение, трофејниот англиски клуб соопшти дека Жозе Мурињо веќе не е тренер на Манчестер Јунајтед.

Кај Клоп нема рогање топка напамет

Додека Манчестер Јунајтед го игра најлошиот фудбал во последните неколку години (со Мојс бар нешто тарачкаа), Ливерпул напаѓа и се брани така интелегентно, што на противникот не му останува ништо друго освен да ја вади топката од мрежа.

Пол Погба и сè е можно

Манчестер Јунајтед е тежок за гледање. Мачно е да се гледа како игра тимот на Мурињо, особено кога на теренот е Пол Погба.

Осмоодделенец заигра за младинците на Манчестер Јунајтед

Младинците на Манчестер играат одлична сезона во младинската ЛШ. Групната фаза ја завршија со 5 победи и 1 нерешена средба, без пораз. Попладнево победија 1-2 на гости кај Валенсија во натпревар на кој во 75’ минута во игра влезе 14-годишниот Шола Шоретаир кој стана најмлад дебитант во историјата на овој турнир.

Како е можно да помине ваков ракометен потег во фудбалската ЛШ?

Манчестер Јунајтед со гол во 91-ва минута си обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, во која колку повеќе се инаетат од УЕФА за воведување ВАР, толку повеќе се трупаат грешки, а оваа е сериозна, срамна и скандалозна.

Топката на Олд Трафорд, Лукаку во Ѓорче

Ромелу Лукаку и топката нешто не се сакаат во последно време. Ај што не дава голови, ама и му бега како на почетник. Ова е неговиот прием по кој му пука сеир цела Англија, па и пошироко.

Фудбалер на Манчестер Јунајтед за роденден готвел и собирал пари за бездомници

Без разлика што е голема ѕвезда и може да приушти што сака, скромниот стопер на Јунајтед решил да посвети цел еден ден на хуманитарна работа, да спрема храна за бездомници и да работи волонтерски.

Последниот пресврт на Манчестер Јунајтед сличен на вчерашниот

Знаете ли кога Манчестер Јунајтед последен пат успеал да добие натпревар во ЛШ со пресврт, односно со два комада во финишот. Статистиката не носи на еден епски натпревар на кој не ни дава душа да не се потсетиме колку и да е верглан.

Генијалниот левучар кој два пати го спасува Мурињо од слободен удар

Хуан Мата е човекот кој го врати во игра Манчестер Јунајтед на торинскиот стадион „Алијанц“. Во 86’ минута, штотуку влезен од клупата за резерви, постигна преубав гол од слободен удар.

Манчестер на мурињовски начин го олади Јувентус среде Торино

Играше Јуве препознатлива игра, поведе со прекрасен гол на Роналдо и сè делуваше дека трите бода ќе останат во Торино, но во последните четири минути пред крај Јунајтед направи чудесен пресврт.

Фудбалерот на Манчестер кој има два клуба и помага во своето село

Немања Матиќ е човекот чии корени водат и до тетовската околина поради што брат му во еден момент можеше да заигра за репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед важи за голем патриот кој деновиве се најде на удар на британските медиуми.

„Ми ја бомбардиравте земјата, како да носам таков симбол“?

Српскиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ во саботата одбил на дресот да го носи симболот црвен мак со којшто во овој период од годината се обележува спомен на настраданите британски војници во Првата светска војна.