Ливерпул првпат од 1963 година прими дури 7 гола во англиското првенство и тоа од просечната Астон Вила. Дебакл каков што не се памети. После мечот Јирген Клоп потиштено призна дека екипата многу грешела и не барал оправданија. Ама има кој најде алиби.
Дури ни најревносните хроничари на англискиот и општо европскиот фудбал не памтат кога актуелен шампион на една лига бил така понижен. Срамен дебакл на „црвените“ на Вила Парк каде Астон Вила ги прегази со 7:2! Ист потоп доживеа и Јунајтед на свој терен.
Англија а и целиот свет се спремаат за (веќе никој не знае точно) втор ли трет бран, па премиерот на Велика Британија Борис Џонсон објави дека навивачи на трибините нема да има од 1. октомври „па до никој не знае кога“.
Челси со задоволство објави дека потпишал договор со нов голман - Едуард Менди кој за 22 милиони фунти го купуваат од Рен. На Лампард и навивачите конечно ќе им олесни зошто најскапиот голман на сите времиња Кепа Аризабалага направи еден куп киксови и минатата сезона и сега.
Ливерпул по убедливо освоената титула минатата сезона, продолжува да гази и во новата. Го совладаа големиот ривал Челси со 0-2 со два гола на Садио Мане, откако домаќинот играше со играч помалку по црвениот картон на Кристенсен. Кога судијата го исклучи Данецот некои од клупата на Ливерпул аплаудирале, па Клоп им се свртел.
Не можеше појако да ја отворат завесата во Премиер лига, шампионот и новиот прволигаш кои постигнаа 7 комада. Мечот заврши 4:3, Алиоски не ја почувствува магијата на најелитниот англиски фудбал и остана на клупа, а најјак беше Трент Александер Арнолд.
Хрватот ретко дава интервјуа, ама кога збори искрен е до болка. За најдобриот германски тренер вика: „Фраерот може знаеше да погреши две години па да се извади со трансфери, ама е јако харизматичен, страшно е интелигентен. Го вади најдоброто од играчите“.
По фаулот на Ковачиќ врз играч на Ливерпул после кој Александар-Арнолд постигна преубав гол од слободен удар, Френк Лампард бил фрустриран од судиската одлука (интересно судијата во даден момент му вика на Ковачиќ 'yes, you did get the ball.' ама свири фаул). Тренерот на Челси во налет на нервоза му се пушта и на Клоп и тоа ептен жестоко.
Англискиот фудбал полека спушта завеса, а на многу локации ширум земјата периодов имаше МАСОВНИ собири на навивачи кои славеа од разни причини. Кога викаме масовни, мислиме над десетина илјади луѓе без многу маски и без ама баш никаква социјална дистанца меѓу нив.
Ливерпул со 3 ефектни гола во првите 45 минути го испраши Челси во дербито. „Црвените“ одиграа шампионско полувреме. Мераклии сме на евроголови од слободен удар, па само затоа му даваме предност на ова што го изведе бекот Александар-Арнолд, а не дека бомбата на Кеита не е страшен гол.
Навивачите на Ливерпул едвај го дочекаа почетокот на мечот со Манчестер Сити зошто знаеа што ги чека во првите минути од преносот, а ние се прашуваме како кај нас би изгледал еден ваков витешки гест.
Оваа доминантна “Клоп ера“ на Ливерпул е инспирација за секојдневно пишување, но веќе кажавме многу работи за нив и заслужија да ги споменеме уште овие податоци кои се за почит.
Најдобриот тренер на денешницата, Јирген Клоп го врати Ливерпул на славните патеки, го направи европски и светски првак, му донесе титула во Премиер после 30 години, но за малку се ова можело да не се случи. Во 2014-та Јирген го одбил Јунајтед.
Ливерпул може да ја освои титулата и можеби ќе треба да се преселам во Папуа Нова Гвинеја, рече легендарниот бек на Манчестер Јунајтед. Изјава од која произлезе врвен трол на негова сметка.
Триесет години чекаа титула и дочекаа. Никакви апели, барања и молби не ги спречија навивачите на Ливерпул, во илјадници да се зберат пред нивниот храм на фудбалот и цела ноќ да слават шампионска титула. Само тоа што останало после нив е мизерно.
Ако некоја од големите продуцентски куќи го снимала одблизу амбиентот во новиот англиски првак од 2010 до 2020, би можел да се појави документарец за Оскар. Денес ретко кој памети дека Ливерпул губеше од четвртолигаши и беше пред колапс.
И покрај сите препораки и мерки од медицинските лица, од здравствените власти, од полицијата па дури и од нивниот тренер, навивачите на Ливерпул не можеа да оддолеат и да не излезат на улица да ја прослават првата шампионска титула после цели 30 години!
Математиката синоќа беше јасна. Челси требаше да го совлада Манчестер Сити со што и официјално титулата е решена. Мечот заврши 2:1, а тоа значи Ливерпул 86 бода, Сити 63 или предност од 23 бода на 7 кола до крај. Играчите ја гледаа заедно и со душа го чекаа поледниот свиреж на Стемфорд Бриџ. Ова се снимки за историја.
Веднаш по завршувањето на мечот Челси - Манчестер Сити (2:1) кога стана јасно дека Ливерпул е нов шампион на Англија и тоа на цели 7 кола пред крајот, илјадници навивачи излегле на градските улици.
Ливерпул од час во час е сè поблизу до 30-години очекуваната шампионска титула во Англија. Синоќа со 4-0 го преслушаа и Кристал Палас, на црвените им нема никој рамен, а десниот бек Арнолд со страшен гол го отвори резултатот.
Кога на 9 март новото засилување на Лестер, Харви Брнс го запечати дебаклот на Астон Вила со гол за 4-0 во 85' минута, никој не претпоставуваше дека тој гол и тој меч ќе бидат последни пред една долга и мачна пауза.
Најдобриот фудбалер во Премиер лигата и најдобар играч на Африка, Египќанецот Мохамед Салах застанал на една бензинска во Саинзбури, близу Ливерпул. Бил облечен во клупска опрема, присутните го препознале и тој решил да плати бензин за сите што се затекнале на пумпите.