Најдобриот тренер на денешницата, Јирген Клоп го врати Ливерпул на славните патеки, го направи европски и светски првак, му донесе титула во Премиер после 30 години, но за малку се ова можело да не се случи. Во 2014-та Јирген го одбил Јунајтед.
Ливерпул може да ја освои титулата и можеби ќе треба да се преселам во Папуа Нова Гвинеја, рече легендарниот бек на Манчестер Јунајтед. Изјава од која произлезе врвен трол на негова сметка.
Триесет години чекаа титула и дочекаа. Никакви апели, барања и молби не ги спречија навивачите на Ливерпул, во илјадници да се зберат пред нивниот храм на фудбалот и цела ноќ да слават шампионска титула. Само тоа што останало после нив е мизерно.
Ако некоја од големите продуцентски куќи го снимала одблизу амбиентот во новиот англиски првак од 2010 до 2020, би можел да се појави документарец за Оскар. Денес ретко кој памети дека Ливерпул губеше од четвртолигаши и беше пред колапс.
И покрај сите препораки и мерки од медицинските лица, од здравствените власти, од полицијата па дури и од нивниот тренер, навивачите на Ливерпул не можеа да оддолеат и да не излезат на улица да ја прослават првата шампионска титула после цели 30 години!
Математиката синоќа беше јасна. Челси требаше да го совлада Манчестер Сити со што и официјално титулата е решена. Мечот заврши 2:1, а тоа значи Ливерпул 86 бода, Сити 63 или предност од 23 бода на 7 кола до крај. Играчите ја гледаа заедно и со душа го чекаа поледниот свиреж на Стемфорд Бриџ. Ова се снимки за историја.
Веднаш по завршувањето на мечот Челси - Манчестер Сити (2:1) кога стана јасно дека Ливерпул е нов шампион на Англија и тоа на цели 7 кола пред крајот, илјадници навивачи излегле на градските улици.
Ливерпул од час во час е сè поблизу до 30-години очекуваната шампионска титула во Англија. Синоќа со 4-0 го преслушаа и Кристал Палас, на црвените им нема никој рамен, а десниот бек Арнолд со страшен гол го отвори резултатот.
Кога на 9 март новото засилување на Лестер, Харви Брнс го запечати дебаклот на Астон Вила со гол за 4-0 во 85' минута, никој не претпоставуваше дека тој гол и тој меч ќе бидат последни пред една долга и мачна пауза.
Најдобриот фудбалер во Премиер лигата и најдобар играч на Африка, Египќанецот Мохамед Салах застанал на една бензинска во Саинзбури, близу Ливерпул. Бил облечен во клупска опрема, присутните го препознале и тој решил да плати бензин за сите што се затекнале на пумпите.
Англискиот фудбал уште не се врати, ама клубовите играат пријателски натпревари. Ливерпул на „Енфилд Роуд“ го прегазил Блекбурн со 6:0 и тоа без повредените Салах и Робертсон (двајцата имале ситни мали повреди).
Лани ова време бевме во еден поинаков карантин, затоа што освен ракометното полуфинале на Вардар против Барселона во Келн, се играше и финалето на фудбалската ЛШ. Ден на кој Јирген Клоп ќе се навраќа до крајот на животот, затоа што конечно успеа.
Фудбалерите на европскиот шампион Ливерпул меѓу првите клубови во Топ5 лигите во Европа започнаа со активни тренинзи и се спремаат за продолжение на Премиер лигата во јуни. Главен лик на тренинзите за сега е Вирџил Ван Дајк.
Упорноста на најдобриот тренер на денешницата била видлива уште првпат кога седнал на тренерската клупа. Успеал да направи цел град да го засака клубот, ја подигнал посетеноста на стадионот, а екипата играле фанатично борбен фудбал.
На 5 мај 2014-та, во редовно коло од Премиер лига, Ливерпул води 0-3 против Кристал Палас. Домаќинот од Лондон чудесно се враќа и израмнува на 3-3 после што овој меч доби прекар Кристанбул, како асоцијација на епското финале Ливерпул - Милан во Истанбул.
На денешен ден во 2019-та година, Барса имаше во џеб 2-0 против Ливерпул во првиот меч од полуфиналето на Лига на шампиони. Пред преполн „Камп Ноу“ Меси ги постави конечните 3-0 со својот 600-ти гол во клупската кариера за Барселона.
Градско дерби кое Ливерпул го памети и ќе го памети. Се играше на денешен ден пред 19 години, а Црвените немаа 10 сезони победа на гости против Евертон. При резултат 2:2 во 94-та минута, Гери Мекалистер застана да изведува слободен удар од далеку. Сите мислеа дека ќе нафрла.
Новиот документарец за најдобриот фудбалер на Африка во 2019, насловен Made in Senegal, покажува колку напаѓачот на Ливерпул бил трогнат од раната смрт на татко му па решил да изгради болница.
Како што играше во Ливерпул ниту на едно друго место не играше. Ги решеташе противниците буквално од викенд во викенд. Без разлика дали играа против Манчестер Јунајтед, Сити, Арсенал, Челси или Саутенд во Купот, Уругваецот го радуваше КОП.