На крајот од своето обраќање преку видео повик за Скај Спортс, Јирген Клоп побара од навивачите: „Се надевам дека сите ќе останете дома или ќе стоите на терасите. Ве молам не повеќе. И славете, зошто се е во срцето и во главата. Сега ние сите сме заедно. Да се победува поради вас е право задоволство“.
Причините за повикот на Клоп навивачите да останат дома се јасни, но многу беше јасно дека тивка прослава во Ливерпул не може да има. Или ќе ја има или ќе ја нема.
Илјадници навивачи на црвените дошле пред стадионот Енфилд Роуд каде со песна палеле бакљи, огномети и фрлале петарди.