Клоп на времето го одбил Манчестер Јунајтед поради сопругата

Најдобриот тренер на денешницата, Јирген Клоп го врати Ливерпул на славните патеки, го направи европски и светски првак, му донесе титула во Премиер после 30 години, но за малку се ова можело да не се случи. Во 2014-та Јирген го одбил Јунајтед.

Во биографијата „Klopp: Bring the Noise“, Јирген раскажува дека во есента 2013-та година двата клуба од Манчестер сакале да го ангажираат. Јирген тогаш беше веќе докажан стратег на клупата на Дортмунд.

Екхард Краутзун којшто му бил тренер на Клоп во Мајнц и останал близок пријател со него, еднаш открил дека омилен клуб во Европа му бил Манчестер Јунајтед.

„Јирген често ми зборуваше дека сонува да се пресели во Англија, а Манчестер Јунајтед беше број еден во неговото срце“, раскажал Краутзун.

Гигантот од „Олд Трафорд“ дознал за ова (Кратузун еднаш лично зборувал со Фергусон со кој се запознал уште во '70-те години) и се потрудиле да го ангажираат Германецот.

Генералниот директор и не баш омилен лик на „Трафорд“ Ед Вудворд лично отпатувал во Дортмунд. Во разговорот со Клоп му рекол дека Манчестер Јунајтед е Дизниленд за возрасни и митско место каде се исполнуваат соништа.

Во биографијата на Клоп "Bring the Noise", близок неименуван пријател на Јирген раскажал дека Германецот бил збунет од таквиот опис на Вудворд на Манчестер и признал дека го нервира притисокот од шефовите во Манчестер Јунајтед.

ЖЕНА МУ РЕКЛА ДЕКА ЌЕ ЗГРЕШИ АКО ОДИ ВО МАНЧЕСТЕР

Во април 2014-та година, по голема неизвесност, Јирген Клоп реши да остане во Борусија. Иако остана само уште една година, па во есента 2015-та го одбра Ливерпул.

Самиот Клоп во едно интервју за Sky Sports објаснил дека преминот во Манчестер Јунајтед би бил грешка:

„Манчестер долго се интересираше за мене, но јас не чувствував дека ми е потребен тој чекор. Не можам да кажам дека Јунајтед не е мој клуб, но јас како да чувствував дека преминот таму нема да биде исправен. Кога Ливерпул ми се јави, ги одбив и нив. А потоа дојдов таму (на „Енфилд“) го поччуствував духот и сфатив дека сме створени еден за друг.

Јас сум фудбалски романтичар. Уверен сум во себе но не така како другите менаџери. Одбив многу понуди од клубови но дури и жена ми знаеше: Ако се јави Ливерпул, јас ќе се согласам“.

Велат дека Јирген Клоп за многу одлуки се советува со сопругата Ула. Легендата на Ливерпул и стручен коментатор на Sky Sports Фил Томпсон се сеќава на првото дамнешно интервју со Клоп:

„Го прашав, дали се создадени еден за друг со Ливерпул. Ме гледаше и ме праша: „Зошто?“ После ми објасни дека можел да го тренира Манчестер Јунајтед, но жена му кажала дека тоа би била грешка. После се појавила варијантата со Ливерпул и тој премин нејзе и бил во ред“, раскажал Томпсон во интервју за норвешкиот канал TV2.

Ула Сандрок е втора жена на Јирген (со првата се развел уште во 2001-ва). Со Ула се запознале во 2005 година во еден паб во Мајнц. Тогашниот тренер на Мајнц им допуштил на играчите да пијат по некоја кригла пиво во пресрет на Октоберфест во Минхен (иако Мајнц важи за вински а не пивски регион) и тогаш ја забележал убавата менаџерка Ула.

Таа еднаш раскажала дека до тој момент воопшто не ја интересирал фудбал и дури не била во тек кој е мажот што и се додворува. Ама затоа после свадбата се вљубила во фудбалот и постојано влегуваше во кадар кога Борусија Дортмунд играше во Бундеслига.

Во 2008-ма година Ула ја објавила книгата за деца „Том и волшебната фудбалска топка“ во која се збори за 11-годишно германско дете кое нашло магична топка која му помага да стане фудбалер. Во 2010-та година излегло продолжение а дејството се одвивало во Африка.

„Оваа приказна е како книга за Хари Потер, само овде се работи за фудбал и никој не лета на вештерска метла“, рекол Клоп за книгата на жена му.

Кога Јирген се преселил со семејството во Англија, жолтиот печат, таблоидите се обиделе да копаат некои информации. Некои отишле до таму што измислувале дека Клоп ја заменил Ула со жена на некој свој играч од Дортмунд и дека го избркале од дома.

„Јас ја сакам својата жена со цело свое срце. И да, мене не ме избркаа од дома“, мирно рекол Клоп во свој стил.

На 2 јули Манчестер Сити ќе го пречека Ливерпул и за тогаш „граѓаните“ спремаат шампионски коридор. Ова било на инситирање на Пеп Гвардиола кој изјави дека Ливерпул сосема заслужено ја освои титулата во Премиер лига.