Поради неповолната епидемиолошка ситуација, властите во Германија воведоа жестоки ограничувања: до 17 февруари е затворен влезот во земјата за државјани кои доаѓаат од земји каде е забележан мутираниот коронавирус. На овој список е и Велика Британија.
Поради тоа што имаат германско државјанство, во Германија би можеле да влезат само Жоел Матип и Јирген Клоп како и пар членови на стручниот штаб.
Лајпциг во меѓувреме побарал од властите да го пуштат Ливерпул во Германија.
И покрај тоа што се воделе разговори со властите, со УЕФА и со Ливерпул, во четвртокот германските здравствени власти соопштиле дека нема да прават исклучок за фудбалски меч.
Според правилникот на УЕФА за Лига на шампиони, во случај на откажување на домаќинство, клубот е должен да најде стадион во неутрална земја (на територија каде има федерација членка на УЕФА).
„Ако клубот домаќин не предложи алтернативно место за одигрување на мечот, ќе сноси одговорност за тоа што мечот не е одигран и резултатот ќе биде службен пораз од 0:3“.
Неутрален терен сега е најреална варијанта за овој дуел. Лајпциг ги разгледувал опциите за Унгарија или Санкт Петербург, но можно е да се игра во Лондон.
А до фудбал не им е дојдено ниту на други власти во Европа, па така големи се шансите и мечот Бенфика - Арсенал од 1/16 финале на Лига Европа планиран за 18 февруари, да биде преместен за друга држава зошто на Лондонците не им е дозволен влез во Португалија за сега.
Точката I.1.5 предлага и варијанта за промена на домаќинството, пример на 16 февруари да се игра во Ливерпул а на 10 март во Лајпциг. Но во тој случај Лајпциг ако патува во Велика Британија, ќе мора при враќањето да биде најмалку 10 во изолација. Ливерпул се откажал од таа варијанта, пишува Bild.
Англискиот Скај Спорт соопшти дека Лајпциг има рок до 8 февруари на полноќ да ја извести УЕФА за стадионот на кој ќе се игра мечот. Во случај да не најдат алтернатива Ливерпул службено би можел да оди во четвртфинале.