Веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите за наградата за најдобар фудбалер на годината, кладилниците го фаворизираа Лионел Меси, но откако тој се повреди, сега главен фаворит за наградата е Франк Рибери.
Светската куќа на фудбалот ги објави имињата на 23 кандидати за наградата за најдобар фудбалер на годината, по што и кладилниците веднаш ги објавија своите коефициенте според кои Лионел Меси е прв фаворит за освојување на петта титула.
Изведувањето на пенали не е само шутирање со „пуна" каде ти дојде. Тоа е уметност за која фудбалерот треба да поседува вештини. Некои играчи се имаат усовршено во ова, но спротивно од општото мислење, Балотели не е најдобар пеналџија во последно време.
Што да се каже за видеово. Можеби е најдобар показател зошто аргентинскиот волшебник четири пати по ред е прогласуван за најдобар фудбалер на планетата. Вреди да потрошите нецели 6 минути и да видите од најблиските камери како Меси им вади душа на противниците. Неверојатно.
УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот избор при гласањето за најдобар фудбалер во Европа, а според очекувањата на јавноста и на кладилниците, Кристијано Роналдо и Франк Рибери немаат шанса со Лионел Меси.
Најдобриот фудбалер на планетата е првиот фудбалер на Барселона кој имаше официјална средба со новинарите за она што престои во новата сезона. Секако дека една од најважните теми беше доаѓањето на Нејмар, но ние ќе ви го прикажеме тоа што го чека Меси.
Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години кое се одржува во Турција стигна до финалето каде ќе се сретнат Франција и Уругвај. За многу играчи тоа е само знак и почеток на една голема кариера па затоа ќе ви ги претставиме младите шампиони кои потоа станаа славни имиња.
Мет Елијасон кој направи потег како Пеле, како и Коди Стенли кој тргнал со другарите на пиво, ја имаа таа среќа како аматери да заиграат со Лионел Меси на пријателски натпревар. На истиот меч немаа среќа 80 ВИП гледачи кои практично беа измамени од страна на најдобриот фудбалер во светот.
Меси и пријателите одиграа неколку пријателски натпревари низ светот, а на последниот меч во Чикаго откако многу ѕвезди им откажаа, организаторите беа приморани во последен момент да повикаат неколку аматери. Еден од нив го украде шоуто.
Новите соиграчи Лионел Меси и Нејмар одиграа еден против друг на пријателски натпревар во главниот град на Перу. Меси и пријателите го победија тимот на светот, но шоуто го украде Нејмар.
Најдобриот фудбалер на светот иако периодов ќе мора да се соочи со судски процес поради неплаќање данок во Шпанија, сепак најде време да замине во Африка во хумана акција.
Летниот преоден рок пред 4 години се уште го држи рекордот по најскапиот трансфер во историјата на фудбалот кога Роналдо ги засили Кралевите за сума од 94 милиони евра. Само еден играч во моментов е највреден на пазарот и тоа двојно повеќе од него, но за сега никој не се осмелува да ја достави таа понуда.
Операцијата купи евтино, продај скапо не е лесен, но е многу важен сегмент во политиката на клубовите кои многу често знаат да ќарат милиони од младите талентирани фудбалери кои ги купуваат за малку пари. Каталонците направија вистинско богатство од своите деца кои не мрдаат од „Камп Ноу".
Весникот „Гардијан“ петта сезона по ред го бира најубавиот за гол на сезоната. Изборот е огромен, а во конкуренција влегуваат многу мајстории, како на пример ножичките на Ибрахимовиќ и Мексес.
Таа пуста желба за Меси, нема тренер кој не би сакал да го има човекот кој постигнува по 100 гола годишно. Навивачите на Арсенал го побараа, а Арсен Венгер им рече дека работата е завршена.
Ѕвездата на Барселона не можел повеќе да ја поднесе гужвата која се создавала околу неговата куќа и проблемот одлучил да го реши со купување на соседната куќа каде често пати се мотале разни фаци.
Сигурно сте ги слушнале приказните дека „скаутите" на Вардар ги одбиле Димитар Бербатов и Владимир Југовиќ затоа што не биле доволно добри, но еден човек е посебно неталентиран за одбирање на таленти. Претседателот на Џенова ги одбил Меси и Левандовски.
Љубителите на фудбалот кои не ја сакаат Барселона, особено навивачите на Реал Мадрид, често пати знаат да кажат дека Каталонците претеруваат со "тики-така" играта и дека не можат да победат без Лионел Меси. Оваа статистика ќе им ја побие тезата.
Со пресвртот против Гранада за кој е заслужен големиот мајстор на фудбалска игра Лео Меси со двата гола, бројот на неговите постигнати погодоци се искачи на 301. Човекот кој стрела на 14 мечеви во низа, само Господ знае каде ќе му биде крајот.
Фановите на Барселона му посветија краток филм на Аргентинецот во кој се прикажани најважните моменти од неговата кариера во дресот на Барселона. Од првиот гол до четвртата „Златна топка" во 28 минути.
Аргентинскиот ас им ги руши рекордите на сите славни имиња во историјата на фудбалот. На повидок е уште едно лично достигнување за Меси кое му успеало само на еден играч и поранешен фудбалер на Барселона, а тоа е легендарниот Роналдо.