Вчера пишувавме за тоа што му недостасува во кариерата, а денеска даде интервју по кое сигурно не им е сеедно на навивачите на Барселона.
„Размислувам на тоа да имам одлична година во Барселона и на трофеите кои сакаме да ги освојуваме. Ништо друго. После тоа ќе видиме. Во фудбалот има многу кривини и промени. Секогаш велам дека сакам да останам тука засекогаш, но работите не одат секогаш како што посакувате, особено во фудбалот кој е многу променлив и во кој се случуваат многу работи. Не е лесно, но и повеќе од тоа во овие тешки денови низ кои поминува Барселона“
Претседателот на клубот, Сандро Росел во јануари годинава си поднесе оставка поради обвинувања дека направил измама при трансферот на Нејмар, а Барселона во изминатите три кола има два порази меѓу кој едниот во Ел Класико.
„Барселона е многу голем клуб и кога ќе загубиме два меча по ред почнуваат проблеми и доаѓаат критики од сите страни. Луис Енрике дојде со нови идеи и за тоа треба време. Имаме повеќе од доволно добри играчи за да направиме важни работи сезонава, затоа сум опуштен. Ова е само почеток, долг е патот за да се стигне до титула во првенството и во Лигата на шампионите“, вели Меси во интервју за аргентинскиот весник Оле“.