
Првите објавени делови од книгата на Гилјем Балаг, во Англија се појавија во декември минатата година, потоа во март во Шпанија, во јуни во Италија, а дел се појавија и за време на Светското. Но најинтересните пикантерии излегоа денеска во Телеграф.
Новинарот напишал дека според некои фудбалери на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо пред своите колеги никогаш не го викал Меси по име, туку го користел називот „кучник син“.
Во соблекувалната на Кралевите споредбата на Роналдо и Меси ја споредувале со онаа на Велика Британија и Ирска, а играчите Аргентинецот го нарекувале кученце кое може да влезе во торбата на Роналдо.
Книгата „Меси“ која беше објавена и на сајтот на Барселона е одобрена и од клубот и од самиот фудбалер, а се претпоставува дека со качувањето на прсти за време на фотографиите пред натпреварите, Роналдо го исмева Меси за висината.