Таг: лионел меси

Милер Vs. Меси

Пред Лионел Меси викендов да постигне уште два гола и да се доближи на само еден гол до рекордот на Герд Милер, магазинот FourFourTwo направи споредба на нивните успеси.

Меси дава повеќе голови од 14 екипи во Примера

Ако било кој друг фудбалер од останатите европски лиги на еден натпревар даде два гола и направи една асистенција, тоа ќе се смета за извонредно достигнување и фудбалерот веднаш ќе се најде на сите насловни страни. За Лионел Меси тоа е секојдневие.

Еволуцијата на Меси

Ричард Фицпатрик во неговата книга „Ел Класико: Барселона - Реал Мадрид, најголемото фудбалско ривалство", ја раскажува приказната за развојот на Лионел Меси од мало плачливо дете до најдобар фудбалер на планетата.

Како се чува Меси

Дефанзивците од противничките екипи имаат голем проблем да го чуваат Лионел Меси, но проблем со негово чување имаа и безбедносните сили на Саудиска Арабија при пристигнувањето на аргентинската репрезентација во оваа земја.

Меси го надмина Пеле

Со два гола во победата над Мајорка, Лионел Меси стигна го бројката од 76 погодоци во календарска година и го подобри успехот на Пеле од 1958-та година. Пред него е само уште Герд Милер со 85 голови.

Роналдо е најдобар во универзумот

Реал Мадрид и Жозе Мурињо продолжуваат со притисокот пред доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот. Според португалскиот стратег, ако Меси повторно ја добие Златната Топка, тоа ќе биде криминал.

Сите сакаат слика со Меси

Не е ништо невообичаено некој да има голема желба да се слика со познат фудбалер. Но невообичаено е ако си судија на квалификациски натпревар за Светско првенство и на полувремето да го замолиш Лионел Меси за една фотка.

Тајната на босоногиот Меси

Кога во 2004-та година Лионел Меси се пробиваше во Барселона, главната улога во тимот на Рајкард ја имаа Роналдињо и Деко, па младиот Аргентинец решил да учи од нив и да ги преминува нивните тактики за тренинг.

Барса се намачи, Меси и Виља се скараа

Капитенот Чави со прекрасен гол го сруши бункерот на Гранада во финишот и спречи сензација на Камп Ноу. Натпреварот го одбележа и една невообичаена појава за екипата на Барселона. Лионел Меси и Давид Виља по една акција се скараа на терен.

Челси, Меси и ЛШ 2011/12

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите која се надеваме дека ќе биде уште поинтересна од минатата сезона во која Челси ја изненади Европа. Да се потсетиме на најинтересните моменти.

Меси сруши уште еден рекорд, Реал заостана на -8

„Резервистот" Лионел Меси постигна два гола на гостувањето кај Хетафе и уште во септември си го сруши личниот рекорд за најмногу постигнати голови во календарска година. Реал Мадрид го доживеа вториот пораз и по четири кола веќе заостанува 8 поени.

Роналдо е генерал, а Меси волшебник

Прашањето во врска со вечната дилема за тоа кој е подобар, Меси или Роналдо, му беше поставено и на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, а тој даде дипломатски одговор.

Роналдо и Меси се избегнаа

Кристијано Роналдо и Лионел Меси постојано преку медиумите изјавуваат колку си се почитуваат, но на теренот тоа не е така. Ривалството помеѓу двајцата најдобри фудбалери во Шпанија е толку големо што тие се избегнаа при поздравувањето по завршувањето на реваншот од шпанскиот Суперкуп.

Млад Меси - Стар Меси

Одлична видео компилација со неверојатните дриблинзи и голови на Меси во младоста и денес.

Пеле: Не ме знаат само на месечината

Бразилската фудбалска легенда повторно сака да е во центарот на вниманието. По кој знае кој пат си се испофали, а не ја пропушти шансата и да го искритикува Марадона, но и Лионел Меси.

Златната топка за Меси, Роналдо или Иниеста

УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот круг за наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер во Европа. Андрес Иниеста, Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе се борат за „Златната топка".

„Глупавиот Меси“ во измислено интервју

Интервјуто за глупавиот Меси кое вчера го пренесоа сите светски медиуми всушност било измислено од „креативни" новинари на унгарски весник.

Нешто лошо и од Меси

Не може сѐ околу Лео Меси да биде перфектно. На пример ова е една од полошите реклами во кои учествуваат спортисти. Вистинска конкуренција со рекламата на ѕвездите од Челси.

Лионел Меси е најпродуктивен фудбалер

Фудбалската опсерваторија на ФИФА во рамките на Интернационалниот центар за спортски студии го прогласи Лионел Меси за најпродуктивен фудбалер во конкуренција на играчите од петте најсилни лиги во Европа.

101 голови и асистенции на Меси

На последниот натпревар на Гвардиола со Барселона, Лионел Меси го постигна својот 73-ти гол оваа сезона при победата над Атлетико Билбао во шпанскиот куп. Освен што постигнуваше, тој беше асистент на 28 гола. Погледнете ги сите негови 101 голови и асистенции оваа сезона.

Што ќе правеа Реал и Барса без Роналдо и Меси?

Како би изгледала табелата на шпанската Примера без учинокот од 96 гола и 33 асистенции на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за Реал Мадрид и Барселона?

Златниот Лионел Меси

Реал Мадрид ја прекина доминацијата на Барселона, но Кристијано Роналдо не успеа да го повтори неговиот успех од минатата година. Со 50 погодоци во шпанската Примера, Лионел Меси ја освои „Златната копачка" за најдобар стрелец во Европа.