Рекордерот си ја прибра дома топката

Аргентинскиот волшебник синоќа постигна хет-трик кој влезе на посебно место во историјата на Барселона.

Натпреварот против Осасуна на домашен терен кој заврши 7:0 за Каталонците, Меси го започна со 368 голови, а со хет-трикот стигна до бројка од 371 гол со што го мина Паулино Алкантара и оствари нов клупски рекорд.

Лионел Меси кој го направи овој висок дострел на само 26 години ги собра сите негови клупски колеги, кои му се потпишаа на топката која ќе го потсетува на еден од неговите најважни мечеви за историјата на клубот.

Топката ќе си најде место во неговата витрина која е преполна со трофеи и разно разни признанија кои досега ги освојуваше.

17 март 2014 - 17:24