Според кладилниците, фаворит број 1 за освојување на шампионскиот пехар на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Бразил е токму домаќинот. Коефициентот за нив е 4,25.
Втор фаворит е Германија со коефициент 6, па следнат Аргентина и Шпанија со по 7. Фаворити во сенка се Белгија (15), Холандија (19), Италија (21), Колумбија (23), Уругвај (23), и Англија, Португалија и Франција со коефициент 26.
Најголеми аутсајдери секако се репрезентациите на Иран, Костарика, Хондурас и Алжир на кои кладилниците им дадоа коефициент 1501.
За титулата „најдобар стрелец" најголеми шанси според кладилниците има Лионел Меси. Коефициентот за него е 12. Следат Кристијано Роналдо и Нејмар со 15, Луис Суарез со 17, Серхио Агуеро со 21и Радамел Фалкао и Робин ван Перси со коефициент 23.