Лионел Меси за фудбалер број еден на планетата беше биран во 2009, 2010, 2011 и 2012, а Кристијано Роналдо ја понесе Златната топка во 2008 и 2013 година. На изминатото СП во Бразил, Меси ја освои Златната Топка за најдобар играч на Мундијалот, каде Аргентина заврши како втора зад Германија.
На репрезентативно ниво Роналдо и Меси се сретнале само еднаш, и тоа во февруари 2011. година, кога и двајцата дадоа по еден гол, а „гаучосите“ славеа 2:1 во пријателската средба исто на Трафорд во Манчестер.
За вечерашниот пријателски меч меѓу Португалија и Аргентина (20:45) се распродадени 50.000 влезници, а најголем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед ќе дојдат да го поздрават својот миленик од времето кога играше за „црвените ѓаволи“.
Досега сезонава, Меси на 15 натпревари (без репрезентација) псотигна 11 голови и 9 асистенции. Кристијано Роналдо сезонава одигра 17 натпревари и постигна 23 голови, а имаше и 6 асистенции.
Во Лигата на шампионите, Роналдо на 4 натпревари даде 3 голови и имаше една асистенција, а Меси на 4 натпревари даде 4 голови и направи 2 асистенции
Во шпанската лига, Португалецот на 10 средби даде 18 голови и 5 асистенции, додека Аргентинецот на 11 средби има по 7 погодоци и асистенции.
КРИСТИЈАНО РОНАЛДО:
- вкупно натпревари: 700
- вкупно голови: 448
- клупски настапи: 584
- клупски голови: 397
- репрезентативни настапи: 116
- репрезентативни голови: 51
ЛИОНЕЛ МЕСИ:
- вкупно натпревари: 565
- вкупно голови: 418
- клупски настапи: 470
- клупски голови: 374
- репрезентативни настапи: 95
- репрезентативни голови: 44