Таг: лига на шампиони

Избришаниот твит за “местенката“ на УЕФА

Темата со наводно наместени ждрепки на големите фудбалски натпреварувања се почесто станува актуелна, но некој тоа треба да го докаже. На анонимниот твитерџија тоа дефинитивно не му успеа денеска.

УЕФА го намести извлекувањето на Лигата на шампиони?

Непознат твитерџија под името "CL Draw Manipulation" ги погоди паровите за Лигата на шампиони на еден ден пред денешната осминафинална ждрепка.

Барселона против Манчестер Сити во нокаут фазата

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени осминафиналните двојки од Лигата на шампиони. Европскиот шампион повторно го доби Арсенал, Милан ќе има битка против Атлетико Мадрид, а „Кралевите" против Шалке.

Рекордни 40 додавања за голот на Тељо

Барселона го растури Селтик со 6:1 на натпревар на кој се истакна Нејмар со хетрик, но и голот на Тељо беше посебен.

Германците и Англичаните доминираат во Европа

За прв пат во историјата на Лигата на шампиони, сите четири германски екипи се изборија за пласман во следната фаза, а помеѓу 16-те најдобри во Европа има само еден тим од Италија.

Што утна Левандовски!?

Борусија Дортмунд се намачи против Олимпик Марсеј и се провлече дури на три минути пред крајот, а работата можеше да биде многу поедноставна и завршена многу порано ако Роберт Левандовски не се посрамотеше на овој начин.

Пирова победа на Наполи

Наполи и Горан Пандев беа на чекор до пласман во следната фаза, но Борусија Дортмунд се провлече во самиот финиш. Милан е единствен преживеан италијански тим во осмина-финалето, а таму се пласираа и Шалке, Арсенал и Зенит.

Георгиевски претплатен на автоголови против Челси

Исто како и на првиот натпревар во Романија, македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски и на дуелот со Челси во Лондон му помогна на противникот да дојде до водство.

Јувентус не ја преживеа истанбулската ораница

Екипата на Галатасарај го елиминираше Јувентус и патува во следната фаза од Лигата на шампиони откако славеше минимална победа на натпреварот кој се играше два дена.

Пандев и Игуаин ќе бркаат 3:0 против „Топџиите“

Групата на смртта ќе добие разврска онака како што очекувавме, во последните 90 минути од групната фаза каде три големи екипи се борат за две места. Ништо не е решено и во останатите три групи каде вечерва ќе ги дознаеме и последните патници во топ 16 фаза.

Јувентус преку турскиот пекол до осминафинале

Само три екипи вечерва ќе се радуваат откако ќе станат дел од топ 16 во Лигата на шампионите. Двата тима од Манчестер, Реал, ПСЖ и Баерн се веќе пласирани, а највозбудлив и најнеизвесен ќе биде судирот во Истанбул каде ќе се води битка за втората позиција во групата Б.

Металург едвај до бод против аутсајдерот

Ракометарите на Лино Червар по втор пат се изнамачија против најслабиот противник во групата, но овој пат наместо предвреме да заверат осминафинале, во последните мигови од средбата се спасуваа од пораз на домашен терен против Тун за конечни 24:24 во седмото коло од Лигата на шампионите.

Јунајтед блесна, а Јувентус конечно победи

По дури пет кола италијанскиот шампион ја издвојува првата победа во групната фаза од Лигата на шампиони против Копенхаген со што направи важен исчекор за пласман во осминафинале. Со победи на домашен терен во топ 16 вечерва се пласираа Манчестер Јунајтед, Реал и ПСЖ.

Наполи пред елиминација, Милан се разбуди

Милан конечно проработе и го растури Селтик, а Ајакс и го нанесе првиот пораз на Барса и овие две екипи во директен дуел ќе одлучуваат за пласман во следната фаза. Блиску до осмина-финалето е Арсенал и екипата на Борусија Дортмунд која го доби дербито против Наполи.

Како се руши „Жолтиот ѕид“ на Дортмунд

Јужната трибина на Вестфален стадионот, пополарно наречена „Жолт ѕид" е позната по својата атмосфера и гласни навивачи, но тие можат да бидат замолкнати.

Најдобрата акција во Лигата на шампиони

Во четвртото коло на Лигата на шампиони беа постигнати прекрасни голови, но убавината на фудбалот не е само во головите. Некои добри акции се прераскажуваат подолго и од голови. Една таква убава акција ја изведоа фудбалерите на Ајакс на натпреварот проитв Селтик, а на крајот оваа акција беше крунисана и со погодок.

Голманскиот подарок за Ето

Челси поведе против Шалке благодарение на голманскиот хорор потег на Тимо Хилдебранд кој Самуел Ето ладнокрвно го искористи.

Барселона и Атлетико Мадрид во осминафинале

Барселона со победата над Милан и Атлетико Мадрид со триумфот над Австрија Виена го добија визите за осминафиналето во Лигата на шампиони. Арсенал изненади на гостувањето во Германија, Пандев одигра 66 минути во победата над Марсеј, а Георгиевски го одигра целиот натпревар во ремито кај Базел.

Дерби предизвици во Лигата на шампионите на Типстер

Милан на гости на „Камп Ноу", Топџиите ќе бараат одмазда во Дортмунд, Шалке оди на „Стемфорд Бриџ", а Олимпик Марсеј на жешкиот „Сан Паоло". Спектакуларна понуда со најинтересните и најнеизвесните двојки од вечерашната ноќ во ЛШ.

Реми во Торино, но и во Париз

Баерн Минхен и Манчестер Сити се првите осминафиналисти во ЛШ, а со нерешените 2:2 против Јувентус друштво им прави и Реал Мадрид. Изненадување на колото е нерешениот резултат на аутсајдерот Андерлехт против ПСЖ, а неочекувано со пораз од гостувањето во Копенхаген си замина тимот на Манчини.

Јувентус брка прва победа, а Кралевите осминафинале

Дури шест европски гиганти може да обезбедат пласман помеѓу најдобрите 16 екипи уште во четвртата рунда од групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа се европскиот шампион, двете екипи од Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и ПСЖ.

„Сантијаго Бернабеу“ со груб старт врз Видал

„Кралевите“ добија пенал на „Сантијаго Бернабеу“, а Роналдо не погреши од 11 метри, но удар од белата точка побара и Видал кој тврдеше дека бил фаулиран од тревата на стадионот. 

Кралевите го добија италијанскиот шампион

Со двата гола на Роналдо, Реал Мадрид стигна до максималната трета победа во ЛШ. ПСЖ и Баерн Минхен со по пет погодоци беа немилосрдни против Андерлехт и Викторија Плзен, а победи остварија и Баер Леверкузен, Галатасарај и двете екипи од Манчестер. Ибрахимовиќ блесна со четири гола.