Меси го разби проклетството, ПСЖ го растури Баер

Лионел Меси го постигна првиот свој гол во Лигата на шампиони на англиско тло и ја предводеше Барселона до голема победа на гостувањето кај Манчестер Сити. ПСЖ полесно од очекувањето го растури Баер Леверкузен.

Манчестер Сити – Барселона 0:2 (0:0)
Меси 53п, Алвеш 90

Меси ја доведе Барселона во водство со гол од белата точка откако судијата Ериксон им подари пенал и го исклучи Демикелис за стар кој го направи надвор од шестнаесетникот. Конечниот резултат во последната минута го постави Дани Алвеш.

Баер Леверкузен – ПСЖ 0:4 (0:3)
Матуиди 3, Ибрахимовиќ 39п, 42, Кабај 89

ПСЖ веќе си обезбеди пласман во четвртфиналето со висока победа на гостувањето кај Баер Леверкузен. Два гол постигна Златан Ибрахимовиќ, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Матуиди и Кабај.