Украинскиот Динамо Киев се соочува со драконска казна од УЕФА, откако се објави видео на кое се гледа како домашните навивачи најпрвин навредуваат па потоа тепаат црни навивачи на Челси на трибините.
Пет победи на домаќините и три нерешени среди е исходот од вечерашните средби од 3.коло во ЛШ. Јувентус и Манчестер Јунајтед ремизираа, а Атлетико, Волфсбург, Галатасарај, Манчестер Сити и Малме собраа по 3 бода.
Пеп Гвардиола го смени начинот на игра откако е во Баерн Минхен и го примени оној кој го практикуваше со Барселона. Но за вчерашниот меч во ЛШ, германските медиуми имаат право жестоко да го критикуваат.
Навивачите на Баерн Минхен протестираа против скапите карти пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите и добија огромна поддршка од домашната публика.
Фудбалерот на Олимпијакос, Лука Миливојевиќ по мечот Динамо З. - Олимпијакос (0-1) се појави пред новинарите со капче на неговиот поранешен клуб. Обезбедувањето на стадионот тоа го сфати како провокација, па се натегаа дури и со службените лица од УЕФА за фудбалерот да ја тргне капата.
Со осум голови Баер Леверкузен и Рома го одиграа најефикасниот меч сезонава во ЛШ. Арсенал му го зема скалпот на Баерн Минхен, а Порто, Барса и Зенит рутински против Макаби, Бате и Лион.
За сите вие кои не мрдате од ТВ во вторник и среда последниве 15-20 години или вие кои сте пропуштиле, потсетување на најшокантните резултати на европските гиганти. Како Шевченко ги збриша Реал и Барса, изненадувањето на дебитантите Њукасл и Мајорка и лудите пресврти на Депортиво и Брондби.
„Навивачите“ на Бенфика на Висенте Калдерон во Мадрид фрлаа бакљи врз домашната публика и повредиле 2-годишно дете. Едно е сигурно, УЕФА нема да им прогледа низ прсти и Бенфика ја очекува драстична казна.
Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Ако се погледне статистиката, на Арсенал црно му се пишува. Само 8% од екипите кои ги загубиле првите две кола во Лига на шампиони успеале да се пласираат во следната фаза. Но ниту една од нив во трето коло не се соочила со Левандовски.
Второто коло од Лигата на шампиони донесе неколку изненадувања. БАТЕ Борисов ја тресна на домашен терен Рома со 3:2, а со ист резултат Олимпијакос го замолкна Емирати. Челси е поразен во Порто, а Левандовски продолжи по старо.
БАТЕ Борисов вечерва ја пречекува Рома во рамките на второто коло од ЛШ. Пред 10 години овие два противника биле разделечени 264 места на ранг листата на УЕФА, а сега се на 58 и 61 место.
Учесникот во Лигата на шампионите, Бундеслигашот Волсфбург се соочува со сериозно неизвесна финансиска иднина, поради големиот скандал во кој е вмешана автомобилската компанија Фолксваген.
Во деновите кога на стоперот на ПСВ Ајндховен, Хектор Морено му стигнуваат закани по живот поради бруталниот старт над Лук Шо, легендата на Јунајтед Рој Кин ги запрепасти навивачите на Манчестер со изјава за фаулот.
Швеѓанецот вели дека дуелот Малме - ПСЖ ќе се расчуе во цел град, а сега сака да се осигура дека сите луѓе во неговиот роден град, ќе имаат можност да го гледаат.
Еден од навивачите на Арсенал кој допатувал во Загреб на мечот Динамо - Арсенал вели дека подобро да ги фрлел парите во вода, отколку што го гледал очајниот Арсенал кој загуби 2-1.
Навивачите на Баерн Минхен ќе го паметат гостувањето во Пиреја по убедливата победа од 0-3, но и по бруталниот ќотек кој го добија од грчката полиција.
Топџиите ја играат дури 18-та сезона по ред во Лигата на шампионите, а нивниот тренер синоќа против Динамо Загреб го запиша 50-от пораз во елитното натпреварување со што стана негативен рекордер.
Динамо Загреб со единствениот македонскиот претставник во ЛШ, Аријан Адеми го направи најголемото изненадување на вечерашните средби во елитното натпреварување. Челси и Баер Леверкузен беа убедливи пред своите навивачи, а Зенит и Баерн со полн плен на гости.
Фудбалерот од средниот ред на Рома го начека празен голот на Барселона и откако Тер Штеген излезе понапред од што треба, во 31 минута го израмни резултат против Барселона за ерупција од воодушевување на Олимпико во Рим. Голот за Барса го даде Нејмар 10 минути претходно.
Дербито на втората вечер од ЛШ ќе се игра на Олимпико во Рим, каде Рома ја пречекува Барса. Римјаните веруваат дека може да ја продолжат неуспешната серија на Каталонците, кои во Италија победија само еднаш на последните шест средби.