Бенфика ќе патува во Казахстан како на зимовање

Астана утре ја пречекува Бенфика, а мечот ќе се игра од 16 часот, нетипично за Лигата на шампионите, бидејќи температурата во вечерниот термин се очекува да биде од -2 до -4 степени. Без разлика што ќе се игра преку ден, Португалците го појачаа багажот со 120 дебели џемпери, 120 пара ракавици, ѕиври, чизми, 60 дебели јакни, 100 волнени капи и 10 ќебиња.

24 ноември 2015 - 17:08