Докторот за слободни удари - Вилијан

Бразилецот дал 4 голови од 5 обиди во Лигата на шампионите сезонава, а сите останати дале само 1 гол од 89 обиди. Вилијан погодил вкупно шест пати од 12 обиди во сите натпреварувања а уште сме ноември.

Челси врза две победи (Норвич 1:0 и Макаби 0:4) и покажа дека полека излегува од сериозната криза. Еден од најзаслужните за таквиот развој на настаните е Бразилецот Вилијан кој постигнува голови од слободен удар како на тренинг. Синоќа против Макаби Тел Авив го даде четвртиот гол од слободен удар во Лигата на шампионите сезонава. Претходно стрелаше против истиот противник на домашен терен, против Динамо Киев дома и против Порто на гости.

Вилијан vs Порто:

Вилијан vs Макаби Тел Авив:

Вилијан vs Макаби Тел Авив:

Вилијан vs Динамо Киев:

Вилијан vs Њукасл:

Челси во последното коло го пречекува поранешниот клуб на Мурињо, Порто во директен дуел за пласман во следната фаза затоа што Динамо Киев игра дома со отпишаниот Макаби Тел Авив. Челси и Порто имаат по 10 бодови, а Динамо Киев собра 8. Сите голови од ЛШ тука.