Македонец ги скара Венгер и УЕФА

Тренерот на Арсенал е бесен после поразот од Динамо Загреб кој беше регистриран во корист на Хрватите, иако во тимот играше Аријан Адеми кој користел недозволен допинг. „Ова значи дека допингот се прифаќа", вели Венгер.

Венгер-УЕФА, сега е веќе битка. Мотив: Користење допинг. Тренерот на Арсенал ја обвини УЕФА дека го толерира користењето забранети супстанци, затоа што ја одбил жалбата на неговиот клуб за мечот Динамо - Арсенал во Загреб, одигран во септември.
 
Правилата и даваат право на УЕФА - затоа што правилата ги пишувала самата УЕФА. Според нива, резултатот на еден меч може да се смета за неважен ако еден играч не го поминал допинг-тестот. И покрај тоа, Венгер поставува едно етичко прашање.
„Не може да се каже о.к. Имале допингуван играч и потоа да го потврдиш конечниот резултат не е во ред. Тоа фактички значи дека го прифаќаш допингот“, изјави Венгер пред новинарите во пресрет на реваншот со Динамо Загреб во Лондон.
Минатата недела беа објавени резултатите од допинг тестот кој потврдија дека македонскиот репрезентативец користел недозволени супстанци. За тоа драстично го казнија него, но не и Динамо.
„Г-дин Венгер може да зборува што сака, но има други лица кои ги носат одлуките за тоа. Јас не верувам дека во фудбалот денес има проблем со допингот“, изјави на прес конференцијата во Лондон, тренерот на Динамо Зоран Мамиќ.
Мечот Арсенал - Динамо Загреб се игра вечерва на Емирато од 20:45.
24 ноември 2015 - 17:48