Фудбалерите на Барселона ги поместија границите во фудбалот и испишаа историја откако го потопија ПСЖ со 6:1. Кам бек кој не се случил до сега во ЛШ. Јунаците на Луис Енрике им ги затнаа устите на сите критичари за оној дебакл од 4:0 во Париз. Нејмар погоди во 88-ма и 90-та, Сержи Роберто во 95-та. На другиот дуел Милионерите броеа до четири.
Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.
Картите за синоќешниот меч Арсенал - Баерн Минхен биле по 75 фунти, а ништо поевтини не биле ниту влезниците за гостите поради што Баварците извадија неколку банери и фрлаа тоалетна хартија на теренот во знак на протест. Судијата на кратко го прекина мечот за да се исчисти теренот па играта продолжи.
Матуиди, Верати, Јулијан Дракслер и Томас Муние гостуваа во емисијата СуперКлуб каде јавни фаци доаѓаат на вечера и муабет, и дискутираа како да ја амортизираат Барселона вечерва на преполниот Камп Ноу.
Навивачите на Наполи се “болни“ за фудбал и ако се случеше да го урнат Европскиот фудбал ќе го превртеа градот наопаку. Без разлика дали ги сакате или не, пуштете ги звучките троа посилно и слушнете ја химната на ЛШ, а особено онаа ерупција од Сан Паоло на вчерашното четвртфинале. Да се наежи човек.
7 март 2007-ма е историски ден за Лигата на шампионите затоа што беше поставен рекорд кој тешко се урива. Баерн Минхен во четвртфиналето го пречека Реал Мадрид, а Рој Макај го постигна најбрзиот гол во историјата на ова натпреварување. Му беа потребни само 10,12 секунди.
Клубот кој важи за најголем во светот по многу параметри, денес ќе дува 115 свеќички во трофејната сала во која ти требаат неколку дена за да ги видиш сите освоени титули.
Сезоната 2009/2010 е историска и незаборавна за секој навивач на Интер. Таа сезона едноставно за нив беше мелем на душа, бидејќи имаа класа играч на секоја позиција и го имаа Мурињо, човекот на кој вечно ќе му бидат благодарни за тројната круна. Пеколното искуство во Барселона го раскажува капитенот.
Давид Дејвис менуваше дури три голманки (Амандин Лејно, Ина Суслина и Мајсу Песоу) но 32-годишната Катарина Булатовиќ вечерва беше неверојатна и со 14 гола ја прекина победничката серија на Вардарки. 28:31 (16:17).
Со два гола на централниот дефанзивец Матја Калдара, Аталанта оствари историска победа над Наполи на гости и се приближи само на три бода од местото кое води во Лига на шампионите. Илјадници тифози на клубот дојдоа на аеродромот да ги пречекаат јунаците.
Масимилијано Алегри синоќа во Порто играше офанзивно со Пјаниќ, Квадрадо, Дибала, Манџукиќ и Игуаин во прв состав. Храбар потег за гостување во нокаут фаза од ЛШ, но и исплатлив за големите екипи кои знаат како до европскиот пехар.
На резервистите Марко Пјаца и Дани Алвеш им требаше само две минути да му донесат на Јуве голема победа кај Порто кој играше со играч помалку поради идиотлукот на Тељес кој доби два жолти за две минути. Варди со втор гол после 27 меча.
И покрај тоа што го барале најголемите европски клубови, родителите на малиот Килиан решиле дека најдобро за него е да остане во земјата затоа што било прерано да замине во странство и го одбиле Зинедин Зидан за во Реал Мадрид.
Осминафиналните дуели Сити - Монако и Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид донесоа права голеада. Клинците од Кнежевството уште еднаш покажаа зошто сезонава играат пеколно ефикасен фудбал, но не можеа до крај против Сити. Атлетико заврши работа.
Откако се откажа од трошењето абнормални суми за играчи, Монако во првиот тим има плејада млади деца кои ја поминале нивната академија и кои го носат клубот кон титулата во Лига 1.
На 23 април 2003 година во 1/4 финалето на ЛШ се сретнаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Тој меч важи за еден од најголемите кој се одиграл на Трафорд. Бразилецот Роналдо направи спектакл со три прекрасни гола после што му аплаудираше секој присутен на стадионот.
Статистиката по мечот ПСЖ - Барселона покажа дека Меси ја допрел топката вкупно 17 пати на цел натпревар, ама ниту еднаш во шеснаесетникот, што е ужасно лош податок за него и неговиот тим. За такво нешто треба да се смисли и одбработи совршена стратегија во одбрана против 5 кратниот освојувач на Златната топка. На Парижаните им успеа.
Проклетството на Топџиите во топ 16 фазата од Лигата на шампионите трае веќе седум сезони, а најголемата иронија е што последен пат ја минале со помош на хет-трикот на еден од најисмејуваните фудбалери.
По Барселона, вториот тим на кој спас од елиминација во реванш осминафиналето од ЛШ ќе му биде победа од 4:0 е тимот на Арсен Венгер. Нешто подостижна предност за анулирање ќе имаат Наполитанците кои за историско четвртфинале ќе треба да слават 2:0 против Европскиот првак.
Фудбалерите на Наполи вечерва имаа големи мотиви, а тоа е да се обидат да го урнат актуелниот европски првак уште во осминафиналето. Ако успеат да направат таков подвиг, во Неапол ќе ги пречека нивната жешка навивачка Паола Саулино која им ветува разни безобразлуци.