Шмајхел го замени неговиот татко во Европа
Питер Шмајхел беше чудовиште на голот на Манчестер Јунајтед и сè уште се памети онаа феноменална одбрана од него против Јувентус во 1999-та. Сега се чини има со кого да се гордее, а тоа е неговиот син Каспер кој одлично се промовираше на меѓународната сцена. Тој синоќа направи клучни одбрани и беше еден од најзаслужните што Лестер успеа да испише историја. Каспер Шмајхел стана првиот голман во историјата на Лига на шампиони кој успеа да одбрани пенал на двата меча во нокаут фазата.
Има уште живот на Кинг Пауер
Иако Лестер сезонава се мачи во првенството и како актуелен шампион сега е во улога да се спасува од испаѓање, сепак со овој подвиг некако успеаа да си го обелат образот. Илјадници знамиња се вееја синоќа на стадион, а навивачите направија атмосфера која не може да не ги инспирира играчите. Публиката го даде максимумот со својата поддршка, а со иста мера вратија и актерите на терен.
Варди е неуморен
Џејми Варди беше најдобар играч на Лестер во првото полувреме бидејќи тој трчаше, трчаше и постојано трчаше по дефанзивците на Севиља. Не им даде ниту еден миг одмор и беше многу паметен со начинот на кој доби прекршоци за да им даде да здивнат на неговите соиграчи.
Насри уште не пораснал
Самир Насри изгледаше како да се вратил во своите најдобри времиња откако неколку пати го натера Шмајхел да прави интервенции за да го спаува голот. Но неговата детска себичност сè уште е во првите редови, како и неговиот идиотизам кога доби црвен картон. Варди можеби претера со силата кога имаа дуел со глава, но реакцијата на Насри кој веќе имаше жолт картон не се простува. Со начинот на кој го напушташе теренот и продолжи да се брка со Варди може да заработи дополнителна казна.
Спокојство во Лестер, беда во Арсенал
Арсенал ги помина последниве седум години во обид да ја мине првата нокаут фаза во Лигата на шампионите и не успеа во тоа, па дури и кога се соочуваше со послаби екипи од Севиља. Во текот на тој период Лестер од Лига 1 стигна до најелитното натпреварување во Европа. Сезонава клубот има низа проблеми како на пример дупка во среден ред без Канте, борба за опстанок, отпуштање на тренерот, но и покрај тоа успеа да испише историја во Европа, а Арсенал никако не може да мрдне од осминафинале. На тоа треба да одговори Арсен Венгер.