Таг: лига на шампиони

Го победуваш Наполи и те чека цел град на аеродром

Со два гола на централниот дефанзивец Матја Калдара, Аталанта оствари историска победа над Наполи на гости и се приближи само на три бода од местото кое води во Лига на шампионите. Илјадници тифози на клубот дојдоа на аеродромот да ги пречекаат јунаците.

Јувентус по примерот на Реал, Барса и Милан кои со навала од петмина станаа шампиони

Масимилијано Алегри синоќа во Порто играше офанзивно со Пјаниќ, Квадрадо, Дибала, Манџукиќ и Игуаин во прв состав. Храбар потег за гостување во нокаут фаза од ЛШ, но и исплатлив за големите екипи кои знаат како до европскиот пехар.

Јувентус рутински, Лестер уште е жив

На резервистите Марко Пјаца и Дани Алвеш им требаше само две минути да му донесат на Јуве голема победа кај Порто кој играше со играч помалку поради идиотлукот на Тељес кој доби два жолти за две минути. Варди со втор гол после 27 меча.

Килиан Мбапè - Наследникот на Анри што ја воодушеви Европа

И покрај тоа што го барале најголемите европски клубови, родителите на малиот Килиан решиле дека најдобро за него е да остане во земјата затоа што било прерано да замине во странство и го одбиле Зинедин Зидан за во Реал Мадрид.

Загревањето е мајка на знаењето

Атлетико со 4-2 го победи Баер во Леверкузен а еден од головите даде Торес кој уште на загревањето пред мечот покажа што може да направи.

Атомски фудбал - 14 гола на 2 натпревари

Осминафиналните дуели Сити - Монако и Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид донесоа права голеада. Клинците од Кнежевството уште еднаш покажаа зошто сезонава играат пеколно ефикасен фудбал, но не можеа до крај против Сити. Атлетико заврши работа.

Најопасниот тим во Европа со свои деца во тимот

Откако се откажа од трошењето абнормални суми за играчи, Монако во првиот тим има плејада млади деца кои ја поминале нивната академија и кои го носат клубот кон титулата во Лига 1.

Кога цел Олд Трафорд стоечки му аплаудираше на Феноменот Роналдо

На 23 април 2003 година во 1/4 финалето на ЛШ се сретнаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Тој меч важи за еден од најголемите кој се одиграл на Трафорд. Бразилецот Роналдо направи спектакл со три прекрасни гола после што му аплаудираше секој присутен на стадионот.

Како ПСЖ го затвори Меси

Статистиката по мечот ПСЖ - Барселона покажа дека Меси ја допрел топката вкупно 17 пати на цел натпревар, ама ниту еднаш во шеснаесетникот, што е ужасно лош податок за него и неговиот тим. За такво нешто треба да се смисли и одбработи совршена стратегија во одбрана против 5 кратниот освојувач на Златната топка. На Парижаните им успеа.

Бендтнер врати се во Арсенал за да поминат осминафинале

Проклетството на Топџиите во топ 16 фазата од Лигата на шампионите трае веќе седум сезони, а најголемата иронија е што последен пат ја минале со помош на хет-трикот на еден од најисмејуваните фудбалери.

Петарда во мрежата на Арсенал и триумф на Реал Мадрид

По Барселона, вториот тим на кој спас од елиминација во реванш осминафиналето од ЛШ ќе му биде победа од 4:0 е тимот на Арсен Венгер. Нешто подостижна предност за анулирање ќе имаат Наполитанците кои за историско четвртфинале ќе треба да слават 2:0 против Европскиот првак.

Наполитанци играјте за Паола

Фудбалерите на Наполи вечерва имаа големи мотиви, а тоа е да се обидат да го урнат актуелниот европски првак уште во осминафиналето. Ако успеат да направат таков подвиг, во Неапол ќе ги пречека нивната жешка навивачка Паола Саулино која им ветува разни безобразлуци.

Човекот кој ја понижи Барселона

Колку е вешт, Унаи Емери покажал кога на еден свој фудбалер му дал празно це-де после тренинг. Утредента го прашал дали го изгледал, а играчот му рекол ’Да мистер, неверојатна тактика’. Француските коментатори го критикуваа, но вчера ги затна.

Реал - Наполи кога Сари бил банкар, Зидан дете, а Марадона не се видел

На 16. септември 1987 Реал го победил Наполи во првиот меч од Купот на Шампиони. Се играло на празен Бернабеу, а Марадона не се видел.Пред 30 години ниту со Диего Марадона Наполитанците не успеале да направат подвиг против големиот Реал.

9 причини за дебаклот на Барселона

Како и да ја вртиме ќе најдеме илјада причини за високиот пораз на Барса од ПСЖ која речиси е елиминирана од ЛШ. Беа анемични, безидејни, надиграни или со еден збор дрва 90 минути. Иниеста беше изгубен случај, а статистиката со Меси е неповторлива: Не ја пипнал топката во шеснаесетник ниту еднаш.

Потоп на Барселона во Париз

Фудбалерите на Барселона може слободно да се поздрават со Лигата на шампионите и силите да ги пренасочат на натпреварите во домашното првенство откако вечерва добија лекција по фудбал и беа посрамотени од францускиот првак. Не се виде ни Меси, ни Суарез, ниту Нејмар.

Судар на титаните од градот на реката Рио Уругвај

На денот на 30-от роденден на Кавани, на „Паркот на Принцовите“ во Париз ќе се сретнат двајца сограѓани од градот Салто, родени во иста година, само неколку дена разлика, а само еден ќе оди во 1/4 финале.

Реал Мадрид нема да ја одбрани титулата во ЛШ, таа ќе оди во Барселона

Ништо од историскиот подвиг на Реал Мадрид да освои две титули по ред во Лига на шампиони, нешто што последен пат му успеа на Милан кога ова натпреварување се викаше Куп на Европски шампиони. Барем така вели прогнозата на УЕФА.

Победничко збогум на Металург од Европа

Со високи 31-24 (15:10) Металург го победи рускиот шампион Чеховски Медведи, ја запиша петтата победа и се одјави од Лигата на шампионите сезонава.

Црвено-црните за малку од готово вересија

Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.

Најсаканиот голман во Ливерпул кој доби писмо од Папата Јован Павле

Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.

Партизан исфрлен од Европа?

Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Најелитното осминафинале во Лигата на шампионите

Никогаш до сега во историјата немало толку мал број на земји кои имаат свои претставници во топ 16 фазата од Лигата на шампионите.