Риат Ал Самараи – Баерн Минхен
Демолирањето на Арсенал со вкупни 10:2 кажа многу за тоа што го прават Германците оваа сезона. Тие се брилијантни и немаа грижи во Бундеслигата за разлика и Реал Мадрид и Барселона кои водат тешка битка во Ла Лига. Тоа веројатно е нивната предност. Инаку многу би било сурово за Пеп Гвардиола ако успеат да ја освојат Лигата на шампионите, непосредно по неговото заминување.
Сами Мокбел – Барселона
Името на тој што ќе го освои трофејот е едноставно. Пресврти како тој минатиот против ПСЖ се случуваат со причина. Тоа е напишано во ѕвездите. И ако тоа не е доволно како судбина, тогаш тука се Меси, Нејмар и Суарез.
Џо Бернштајн – Јувентус
Не мислам дека на Барселона или Лестер треба да им биде дозволено да победат врз основа на висок морал. Реал Мадрид нема да може бидејќи бранителите на трофејот никогаш не успеваат во тоа. Карло Анчелови во Баерн е експерт за Европа, но имам една резерва и за него.
Време е за малку помалку очигледен победник меѓу Атлетико Мадрид, Монако, Борусија Дортмунд и Јувентус. Од овие, Јуве и Атлетико имаат најдобра одбрана. Ако треба да издвојам еден, ќе речам Италијанците.
Адам Шерголд – Баерн Минхен
Баерн Минхен ќе биде мојот тип на клуб кој ќе ја освои годинава. Го имаат умот Карло Анчелоти, човек кој има освоено Европски Куп/Лига на шампиони два пати како играч и три пати како тренер. Како што покажаа против Арсенал, тие имаа низа на немилосрдност, нешто што многу од другите екипи го немаат. Баерн исто така има длабока клупа. Томас Милер дури и не влезе на реваншот против Арсенал.
Другата работа која во нивна корист е што му бегаат 10 бода на второпласираниот во Бундеслигата, што значи може целосно да се концентрираат на освојувањето на ЛШ. Нивните главни ривали Барса и Реал бијат битка за титулата и во домашното првенство, додека Баерн може да си дозволи да одмори некои играчи пред натпреварите во Европа.
Адам Крафтон – Реал Мадрид
Реал Мадрид е без пораз на 57 од 61 меч во Ла Лига и ЛШ, а тоа се случи откако Зинедин Зидан ја презеде функцијата на Рафа Бенитез во јануари минатата година. Тој ја освои Лигата на шампионите во првите пет месеци како тренер и може да почне да го добива кредитот кој го заслужува и да стане прв тренер кој ќе успее да го одбрани трофејот.
Роб Драпер – Баерн Минхен
Прво тука е Карло Анчелоти. Второ Филип Лам и Чаби Алонсо го најавија своето пензионирање при крајот на сезоната. Нема шанси тие енормно влијателни и професионални играчи да пропуштат финале. На кусо, Баерн има тренер, играчи и потребниот менталитет за трофејот.
Мет Барлоу – Барселона
Можеби не се комплетни како што беа, ама пресвртот против ПСЖ беше илустрација на нивната застрашувачка моќ во напад и одбивањето да го прифатат поразот. Некои може да каже дека се пример за помилување на судиите, посебно на Камп Ноу.
Покрај тоа тие имаат способност да распарчат било кого, играчи со искуство во бизнисов и ова може да биде проштален трофеј за Луис Енрике.
Пит Џенсон – Атлетико Мадрид
Сакав да кажам еден тим од Мадрид, но претпоставувам дека треба да бидам малку повеќе конкретен. Откако два пати го загуби финалето од Реал Мадрид, мислам дека Атлетико овој пат може да успее. Сезонава до домашното првенство за нив е завршена и нивниот фокус е во европа.
Крис Вилер – Баерн Минхен
Со 10 бода предност на врвот во Бундеслигата, застрашувачките Германци можат без товар од домашното првенство да настапат во четвртфиналето од ЛШ. Со двомечот против Арсенал од 10:2 тие ја темпираат формата во вистинско време и се наоѓаат во серија од 18 меча без пораз. Карло Анчелоти кој е три кратен првак во ЛШ, знае како се оди по тој пат.