Лига на шампиони

Лестер на чудесен начин во четвртфинале

Каспер Шмајхел со еден одбранет пенал во Андалузија и еден вечерва во Англија, беше најзаслужен што Лестер ја анулираше предноста на Севиља. Јуве со половина гас го доби Порто кој пак играше со играч помалку од првиот дел.

ЛЕСТЕР СИТИ - СЕВИЉА 2:0 (1:0)
(Морган 27’, Олбрајтон 54’/

Каспер Шмајхел бравурозно одбрани пенал при резултат 2-0:

Во 75’ минута Самир Насри доби директен црвен картон поради тоа што без топка го удри Џејми Варди и ѝ ја отежна работата на Севиља.

Славјето на „Кинг Пауер“:

Хорхе Сампаоли е првиот тренер кој два пати е исклучен во една сезона на Лигата на шампионите. Каспер Шмајхел е прв голман во историјата кој одбранил два пенала во двомеч од нокаут рунда на ЛШ.

Историскиот пласман на Лестер во 1/4 финале од трибините го гледаше и Н’Голо Канте.

ЈУВЕНТУС - ПОРТО 1:0 (1:0)
/Дибала 42’/

 

14 март 2017 - 22:59