Зошто англиските екипи не се повеќе конкурентни во ЛШ

Во последните осум сезони шпанските екипи дури 17 пати биле дел од четвртфиналето во Лигата на шамппионите, а англиските само пет пати. Мизерија за лига која дели милијарди од тв права и која ги има Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Реалноста на квалитетот не се поклопува со возбудата

Премиер лигата можеби ги собра на едно место најдобрите тренери во светот, но тие сè уште не ги тренираат најдобрите играчи во свет. Вистинската елита на фудбалери оди во двата шпански гиганти, а некои од нив во Баерн Минхен. Погледнете го Пеп Гвардиола. Баерн Минхен кој го водеше минатата сезона има длабочина во нападот со играч како Роберт Левандовски кој го понижи Арсенал и тоа два пати. Сега во Манчестер Сити, Гвардиола нема таков шпиц, особено не во погледот на играта со интелигенција.

Не постои никакво оправдување за одбраната на Сити која не можеше да заврши основни работи во одбрана на мечот против Монако кој на првиот дуел го добија со 5:3. Манчестер Јунајтед пак почна да го копира моделот на Реал Мадрид со купување индивидуалци, но тие не се толку моќни, помалку се талентирани и помалку интелигентни во однос на ѕвездите на Реал Мадрид. Погба има задача да го пронајде Ибрахимовиќ, истото што Модриќ го прави со Роналдо. Исто така, Челси на плејмејкерската позиција го има Еден Азар, но очигледно дека тој не е Меси, па дури ниту Нејмар. Постои голема разлика и возбудата за квалитетот во Премиер лигата очигледно дека се руши во вторник и среда.

Распоредот

Тоа е фактор кој предизвикува многу дебати, но исто така сите од големите клубови почнувајќи од Арсен Венгер до извршниот директор на Манчестер Сити, Ферна Сориано, цврство веруваат во тоа. Многумина велат дека тоа е пречка за трансферите на врвните играчи: Распоредот во Англија е премногу тежок. Со 20 екипи, Премиер Лига, ФА Куп, Лига Куп, европските натпреварувања и сето тоа без зимска пауза.

Тоа што го комплицира уште повеќе е тајмингот на одигрување на натпреварите. Нокаут фазата во ЛШ стартува во февруари, а англиските клубови до тогаш имаат одиграно по минимум два повеќе одиграни мечеви од колегите во Франција и Италија и во просек четири повеќе од Италијанците и Германија. На тоа треба да се додаде и отсуството на зимска пауза која им дозволува на играчите да се рехабилитираат од напорот и да наполнат батерии на вториот дел од сезоната. За тоа низ минатото се жалеше и Мурињо и Венгер.

Повисока концентрација на клубови со слични ресурси

Во однос на вечната дебата околу тоа која лига е најтешка, тоа го покажуваат бројките на договорот за тв првата во Премиер лигата. Тие пари на англиските екипи им носат пари и моќ и поголема конкурентност во борбата за врвот. Иако на некои им тешко да признаат дека другите лиги се полесни, тешко е да се оспори дека Англија има повеќе екипи на кои предизвикот им е да се борат истовремено на повеќе полиња. На пример не може да се каже дека јазот кој постои меѓу Челси и Тотетнехм е ист со оној меѓу Баерн Минхен и Хофенхајм. Но тоа пак носи поединечен ефект врз свежината на тимот на мечевите во Европа, бидејќи англиските екипи со оглед на повеќето тешки мечеви во својата лига, имаат помалку можност за калкулирање на составот.

Екипи со различни рангови во нокаут фазата

Ова е особено важно за тоа зошто Англија не поминува добро како што го правеше тоа големата четворка во периодот 2004-2009 и се одразува зошто има таква трансформација од тој период кога доминираа во полуфиналињата. Во последните осум сезони во нокаут фазата шпанските екипи дури 17 пати беа четвртфиналисти, а во истиот период англиските само пет. Тоа им помага да развојат многу искуство и ум за тоа како да ги играат тие натпревари, како и аура која привлекува играчи и ги заплашува другите. Спротивно на тоа, од два од четирите англиските клубови кои се квалификуваат во нокаут фаза, едниот е Арсенал кој од разни причини стана аутсајдер во топ 16 фазата каде седум години во низа ги завршува настапите. Англиските клубови едноставно не се во можност да изградат издржливост во однос на конкурентите.

Тактичкиот стил

По сето тоа време, тактиката сè уште им е проблем. Повеќе френетичниот стил на Премиер лигата сè уште е фактор. Бараат тренери со свои индивидуални идеи на кои треба да се прилагодат играчите, но за возраст ги загрозуваат во Европа. Тотенхем е клучен пример за тоа. Додека нивниот пресинг стил функционира против речиси сите клубови во Европа, тој нема ист ефект во Европа. На екипите од островот најдобро им одеше во ЛШ во ерата на Рафа Бенитез, Мурињо и Фергусон.

19 март 2017 - 10:40