После поразот во првиот меч од осмина финалето против Атлетико Мадрид 2-4 на домашен терен, Баер Леверкузен е пред невозможна мисија во реваншот.
Атлетико не само што им даде четири гола на „Бај Арена“, туку и на последните 33 меча на „Висенте Калдерон“ има само два порази.
„Аспиринџиите“ во Мадрид ќе играат без суспендираниот Хакан Чаланоглу, без повредените Топрак, Тах, Кислинг и Бендер но и без малиот Каи Хаверц кој имал испити за спремање.
Првите фудбалски чекори ги направил во младинците на второлигашот Алеманија Ахен. Во 2010. потпишал со Баер Леверкузен. Хаверц е вундеркинд, игра како полушпиц, а за првиот тим на Баер Леверкузен дебитираше минатиот октомври и веќе има 16 настапи во Бундеслигата со 3 асистенции. Во Лигата на шампионите дебитираше против Атлетико Мадрид пред две недели. Вечерва нема да може да игра затоа што требал да спрема и полага испит.
Personnel situation:
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) March 14, 2017
Injured:
Toprak
Tah
Kießling
Bender
Yellow-card ban:
Henrichs
Havertz has important exams at school.#AtletiB04
That face you make when you're playing in the #Bundesliga and #UCL at 17, but still can't get out of your exams... 😜 pic.twitter.com/mgvv7vEVVd
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) March 14, 2017