Бидејќи знаеме дека денеска ќе фатите билтен в рака, ги направивме сите комбинаторики во последното 6 коло од ЛШ. Ристовски со Спортинг, Атлетико Мадрид и ЦСКА Москва се во „невозможна мисија“ за пласман во осминафинале.
Кога тим кој со Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Шевченко и Креспо те водат 3:0 на полувреме, а ти на крај успеваш да им кренеш пехарот у фаца, тогаш одговорот на легендарниот капитен на Ливерпул е јасен и разбирлив.
За шведскиот фудбалски ас кој го повреди коленото на четвртфиналниот меч од ЛЕ против Андерлехт во месец април, имаше стравови дека може да му заврши кариерата. Н тој се врати, синоќа за прв пат го облече дресот на Јунајтед во ЛШ и влезе во книгата на рекорди.
И покрај тоа што најавија бојкот на гостинскиот меч од ЛШ против Андерлехт, сепак во Белгија се појавија навивачи на Баерн Минхен и им оставија пари и порака на домаќините.
Барселона немаше потреба да дава многу гас на Алијанц арена, бидејќи на овој дуел влезе математички како осминафиналист. Затоа Серхио Бускетс си дозволи еден луксуз на своја половина ала Зи Зу.
ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.
Го критикуваат дека има голгетерски пост со недели, дека не влегува во шанси и дека не е фикасен. Францускиот репрезентативец во 69’ минута од мечот против Рома даде неверојатен гол/
Во земја каде односот клуб-навивачи е фино испеглан, а цените за билети се така достапни за секој, што стадионите им се скроз полни, не проаѓаат понуди како оние на Андерлехт, па макар добиле и помош од клубот.
Да се вратиш во Лига на шампиони од 0:3 на 3:3 е многу тешко. Синоќешниот таков развој на настаните во Шпанија, потсети на финалето од 2005-та, кога Ливерпул тоа му го стори на Милан. Зад овој херојски бод има друга позадина.
Го знаете ли левиот бек на Наполи, Марио Руи Силва Дуарте? Ако вие не го знаете, од синоќа најдобро го знае Бутко од Шахтјор кој уште ја бара топката на Сан Паоло.
Фудбалерите на Севиља му ја расипаа победата на Ливерпул во 93-та минута со која ќе беа математички први на табела во претпоследното коло од ЛШ. Реал му го истури бесот на АПОЕЛ, а важни гостински три бода освоија и екипите на Лајпциг и Тотенхем.
Неодамна наполни 43 години од кои 22 ги помина во дресот на Манчестер Јунајтед. Важеше за најдобриот контролор на темпото на игра во историјата на Премиер лигата и идол на многу великани како Чави, Иниеста, Зидан, Фабрегас, Давидс.
На 5. ноември 2008 година Алекс Дел Пјеро стана еден од ретките (Иниеста меѓу другите) на кои цел „Сантијаго Бернабеу“ му стана на нозе да го поздрави со аплауз за тоа што со два еврогола по еден во полувреме сам го победи Реал.
Португалскиот печат и навивачите на Спортинг се истурија од позитивни критики за дебито на Ристовски во ЛШ. Бекот на македонската репрезентација во вторникот истрчал 10 километри, а за тие што не го следеа мечот, сега можат да се уверат колку добро играл. Португалците направија видео само со него. Стефан се надминал себе си, Манџукиќ не мрдна.
Лига на шампиони и Лига Европа се фронт за навивачите, па скоро и да не пројде вторник, среда, четврток а некаде на континентот да нема сцени на насилство. Така беше во Украина кога група украински навивачи нападнале Холанѓани во пабот Wall во Харков. Интересно, холандските навивачи решиле да компензираат за направената штета во кафичот и му платиле пари на сопственикот. Полицијата привела 52 хулигани на Шахтјор.
Борусија Дортмунд има 2 бода на 4 средби во ЛШ, а Атлетико Мадрид и Наполи по 3. Гледајќи какви примери има низ историјата во елитното натпреварување, може да заклучиме дека ништо не е завршено, додека не заврши.
Фудбалерите на Реал Мадрид ја изгубија рамнотежата на синоќешниот дуел со Тотехнем, ама Касемиро најмногу. На никој не му беше јасно на Вембли што сакаше да направи фудбалерот на Реал Мадрид. Веројатно само да исценира прекршок.
Фудбалерите на Тотенхем целосно го надиграа индиспонираниот европскиот првак и обезбедија осминафинале во ЛШ, а таму се пласираше и Манчестер Сити кој го исфрли лидерот од Серија А од игра за топ 16. Борусија Дортмунд не знае да победи по 4 кола.
Со голот на Деле Али во 27-та минута, фудбалерите на Тотенхем имаат водство од 1:0 против Реал Мадрид во првиот дел. Но европскиот првак е оштетен поради очигледна грешка на линискиот судија, кој не го подигна знаменцето кога Трипие му асистираше на стрелецот на голот.
Искусниот бек на Србија, Александар Коларов игра како препороден откако се врати во Рим. Решава натпревари сам со бомби од слободен удар, асистира, а знае и да ги прави мајмуни шампионите од Англија кои синоќа беа изгубени на Олимпико.
Бенфика се гревои во групата А од ЛШ и синоќа станаа првиот португалски клуб кој ги загубил сите први 4 меча во елитното натпреварување. Пораз од Базел, ЦСКА Москва и два пати од Манчестер Јунајтед. Но затоа имаат вистински навивачи кои и во вакви лоши моменти за клубот се со нив. Им приредија трето полувреме на Олд Трафорд, кое потсетува на тоа што Комитите му го направија на Вардар по дебаклот со Зенит и Реал Сосиедад.
Очигледно повеќе им годеше стариот „Висенте Калдерон“ зошто откако се преселија на новиот модерен „Ванда Метрополитано“, не знаат што значи две-три победи во серија.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски имаше фантастично деби во Лига на шампиони. Доби шанса против Јувентус и ја искористи максимално добро, а Португалците на Твитер го посипаа со позитивни критики.