Таг: лига на шампиони

Фудбалерите на Манчестер Сити во Неапол ќе спијат како кралеви

Ги гледате сликиве и не ви е јасно дали Манчестер Сити оди на одмор на Хаваи или на гостување во Лига на шампиони. Наполитанците не можеле да им изберат попервезен хотел, кој инаку е со поглед на вулканот везув. Резервирани се два спрата со вкупно 100 соби, еден спрат за Гвардиола и стручниот штаб и уште еден само за играчите. Инаку ќе доаѓаат гости и од Обединети Арапски Емирати. Клубот доаѓа со сопствени готвачи. Нема потреба од други детали. Фрлете око на луксузов.

Сторија за насмеаното дете од Копакабана

Бразилецот Кака се опрости од МЛС лигата и е близу до завршување на кариерата. „Веќе не уживам во играњето фудбал зошто имам болки после секој меч“. Што не знаеме за сјајниот Бразилец?

Кој е тој Миле за кој зборува Мурињо

Неодамна на 27. август славел 18-ти роденден и полнолетство а само 53 дена подоцна бранеше против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Кој е бисерот Миле Свилар?

Спектакл и шест гола во Лондон, Јунајтед „мурињовски“

Со 30-ина шута на двата гола и вкупно шест погодоци, Челси и Рома го оправдаа епитетот дерби на колото. Барса, ПСЖ и Баерн рутински. Јувентус непоразен на 25. меча дома во ЛШ.

Бешикташ згази и во Монако, Борусија е пред елиминација, а Ливерпул броеше до 7

Голеада во 3. коло од ЛШ на кое само вечерва паднаа 31 гол. Манчестер Сити и Бешикташ се единствените две екипи со 3 од 3, а Борусија и Монако се на маки со по еден бод. Тотенхем го сопре актуелниот европски првак, а Спартак Москва ја торпедираше Севиља.

Сторијата за химната на Лига на шампиони

Лигата на шампионите не може да биде иста без оваа епска химна која кога ќе згрми, на човек му поминуваат морници. За нејзе зборуваат композиторот Тони Брајтен, потоа Силва, Меси, Суарез, Куртоа и Зидан. Белким ќе дочекаме да ја чуеме на Градски.

Денот кога Пандев ги спушти на земја „Кралевите“

Зад името на нашиот капитен се кријат многу големи натпревари на кој бил јунак, а овој е посебен бидејќи е меч од Лига на шампиони против фаворит кој не сака да чуе ништо друго освен победа. Горан Пандев - Руд ван Нистелрој 2:2.

Кој вика дека Шкотланѓаните играат со долги топки

Во групата Б од ЛШ каде ПСЖ синоќа стигна до два од два, првите бодови ги освои и Селтик кој го попари Андерлехт на гости со 0:3. Акцијата на првиот гол на на почеток изгледа досадна за гледање и безнадежна, ама дечките трпеливо врзаа 28 додавања по ред и бап голче.

Челси до победа во последен момент, ПСЖ и Јунајтед моќни

Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.

Кипарските Грци бараа од Англичаните да ги вратат скулптурите

Навивачите на редовниот учесник на европските натпреварувања АПОЕЛ од Никозија ги изненадиле гостинските навивачи од Лондон на мечот против Тотенхем синоќа.

Клубот без град кој игра Лига на шампиони

Во второто коло од Лигата на шампионите Рома вечерва му гостува на шампионот на Азербејџан којшто е во егзил во Баку повеќе од 20 години по разурнувачката војна во Агдам.

Детална статистика на Роналдо само со головите во ЛШ

Речиси со секој негов гол во Лига на шампиони руши по некој рекорд, а толку многу ги има што статистичарите веќе како да се опседнати со него. 15-те гола за Манчестер Јунајтед и оние 90 за Реал Мадрид му донеле 15 рекорди. Ајде со ред.

Фудбалер на Лајпциг се исплашил од бучавата во Истанбул и излегол од игра

Фудбалерите на турскиот шампион Бешикташ се најпријатното изненадување во првите две кола од Лигата на шампионите. Носени се на крилјата на пеколно гласните навивачи од кои некои играчи вистински се плашат доле на тревникот.

Наполитанска работа

Фантастичното офанзивно трио на Наполи синоќа маестрално си ја одработи работата а головите ги посветуваа на тешко повредениот и опериран колега од нападот. Само настана мала забуна.

Рамос се претвори во Гордана Нацева, камо пенал?

По само 14 минути игра на дербито на вечерта меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид требаше да има удар од 11 метри, бидејќи Серхио Рамос на пола метро од гол линија играше со рака. Европскиот првак славеше 1:3, ама со евентуално водство на Борусија, натпреварот ќе фатеше друг тек и кој знае како ќе завршеше. Судии? ВАР? Каде е проблемот? 

Роналдо и Бејл ја решија Борусија Дортмунд

За разлика од Бундеслигата каде се со еден примен гол, Милионерите ги загубија двете кола во ЛШ со идентични 3:1 и ризикуваат елиминација во групна фаза. 400 меча за Роналдо, хет-трик на Хари Кејн на Кипар, два од два за Бешикташ, дебакл на Монако, промашени пенали на Феенорд и Манчестер Сити.

Навивачите на Марибор спасиле од затвор противнички хулиган

Дуелот од 1. коло во Лига на шампиони меѓу Марибор и Спартак Москва го одбележаа неколку сериозни инциденти меѓу навивачите и полицијата, а од целата бесмисленост на крајот излезе приказна со среќен крај.

Нешто многу пенали во последно време во ЛШ

Минатата сезона биле досудени 53 пенали во Лига на шампиони, а тоа е повеќе од три пати за разлика од пред 10 години. Случајност или сменети критериуми?

Македонскиот клупски фудбал поуспешен од холандскиот и германскиот

Резултатите кои летово ги постигнаа Вардар, Шкендија и Работнички на европска сцена, на македонскиот клупски фудбал му донесоа преку 2.000 бодови и високо 16. место на ранг листата на УЕФА од вкупно 55 земји-членки.

Единствениот град каде руските хулигани јадат ќотек

Словенечкиот Марибор важи за еден од ретките градови каде руските навивачи не можат баш да шетаат слободно. За некое чудо, навивачите на Марибор собрани под името „Viole“ (бојата на клубот е виолетова), без никаков респект влегуваат во судир со спремните руски набилдани хулигани. И два-три пати поштено ги добиваат. Така беше и синоќа на мечот Марибор - Спартак (1-1) од Лигата на шампионите.

Изненадување во Порто, реми на Енфилд, Сити најубедлив

Фудбалерите на Реал Мадрид, Тотенхем и Шахтјор се единствените домаќини кои со 3 бода стартуваа на вечерашните средби од првото коло во ЛШ. Ливерпул промаши пенал при водство од 2:1 против Севиља и на крајот остана без победа.

Да дебитираш со ваков гол во ЛШ и доста ти е

На 8 меча од премиерното отворање на сцената во Лигата на шампионите синоќа паднаа 28 гола. Најубавиот го даде Италијанецот Давиде Ѕапакоста од Челси кој уште не се распакувал по пристигнувањето во Лондон од Торино. Челси славеше 6-0 против Карабаг од Азербејџан а Ѕапакоста го даде голот во 30’ минута.

Деби на Ристовски, Меси сам го победи Јувентус

Нашиот репрезентативец Стефан Ристовски во Атина со победа дебитираше во најважното клупско натпреварување. Рома и Атлетико одиграа без голови, ПСЖ страшен.

Како се загрева тренерот на Спортинг пред Лига шампиони

Македонија ќе има претставник во Лигата на шампионите а тоа е Стефан Ристовски кој со Спортинг ќе ја отвори сезоната против Олимпијакос. Пред овој меч тренерот на тимот од Лисабон прописно се загреа.