Зафрканција или случајна грешка, моментот на Лоренцо Инсиње со дресот синоќа беше интересен.
Во осмата минута од првиот дел од мечот Наполи - Феенорд, тимот на Сари поведе преку италијанскиот репрезентативец Инсиње кој го запали Сан Паоло.
Наполи на крајот славеше 3-1 а сите голови ги прославија со посвета на Аркадиуш Милик, несреќниот полски напаѓач кој лани ги скина лигаментите од левото колено а минатиот викенд од десното и го очекува пауза од нови 4-6 месеци.
Кога Инсиње отиде до клупата да го прослави голот зема дрес за кој мислеше дека е од Милик но се испостави дека го земал од другиот Полјак во Наполи, Зиелински.
Среќа Инсиње брзо забележа па отиде да го замени.
Fossi in #Zielinski mi toccherei ...😂😂 #NapoliFeyeenord #Insigne pic.twitter.com/clIhgodUKc
— ᴀʀɪᴀɴɴᴀ (@arysedici) September 26, 2017
Penso sempre che nessuno possa fare meglio di me in tema di figuracce. Oggi però il campione indiscusso è lui 😂💙 #NapoliFeyenoord #Insigne pic.twitter.com/KdOTt1FyZM
— Martina Giangiacomo (@MarBoomalek) September 26, 2017
Хајлајтс и головите од мечот: