Никој од стотината навивачи на Тотенхем кој пристигнал на Кипар за мечот против шампионот на оваа земја не очекувал дека ќе има час по историја. Домашните навивачи кои се сместени зад едниот гол извадија парола: „Историјата не може да се победи... вратете ги назад мермерите“.
Ова мермерите се однесува на голема колекција камења и скулптури (Elgin Marbles) кои датираат од пред 5.000 години пред нашата ера и коишто биле дел од славниот и светски познат Партенон во Атина а сега седат во Британскиот Музеј во Лондон.
Наречени се Elgin Marbles затоа што Лорд Елџин, британски амбасадор во Отоманската Империја успеал да исползува да ја собере оваа колекција од 1801 до 1805 година. Грците веќе со години си ги бараат скулптурите назад. Според нив, статуите биле нелегално одземени, украдени и шверцувани но Британскиот Музеј вели дека „скулптурите се артефакти од античкиот свет и дека уживаат максимален јавен бенефит“ што се изложени во сред Лондон.
Главниот град на Кипар, Никозија со децении е поделен на два дела - јужен и северен. Северниот дел е во Европската Унија додека јужниот кој е претежно населен од турско население по турскиот упад на оваа територија во 1974 година.
Клубот АПОЕЛ се квалификуваше за Лига на шампиони после плејофот каде ја победија Славија Прага но им се падна исклучително тешка група со Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Тотенхем. Мечот заврши 0-3 во корист на гостите а сите три гола ги постигна Хари Кејн.