Романтичарите налетаа на најнезгодниот можен противник во оваа фаза, Тетовци против полска Краковија која има бројни навивачи, а Кратовци ќе одат на екскурзија во Лихтенштајн.
Главна ѕвезда на Словачка без сомнеж е Марек Хамшик, но најперспективен играч од оваа земја е 21-годишниот Ондреј Дуда од Легија Варшава. Дуда го даде единствениот гол за Словаците досега на ЕП.
На 10 години бил сведок на страшна трагедија во семејството и долго време бил повлечен во себе. Со помош на вујко му и баба му се издигнува и станува капитен на полската фудбалска репрезентација.
Финалето од италијанскиот Куп овој викенд беше повод за возбуда и навивање кај три пара навивачи. Оние на Јувентус, Милан и Сасуоло. Екипата на третите не беше директен актер на теренот, но триумфот на Јуве им помогна да испишат историја.
Човекот кој 11 години бил резервен голман и 13-то прасе во Севиља, сега е најбараниот спортски директор на светот. Од просечен второлигаш Севиља ја направи светски моќен тим кој освои многу трофеи и заработи грдни пари од трансфери.
Навивачите на Ливерпул и Севиља ја искористија неспремноста на полицијата и редарите во Базел и се судрија на трибините пред почетокот на финалето на Лига Европа. Тепачки имало и надвор од стадионот.
Сент Јакоб Парк е домаќин на 45-то финале во второто по ранг клупско европско натпреварување. Навивачите на Ливерпул не можеа да додржат до 20:45 и веќе почнаа со забава. Ливерпул атакута по четврти трофеј во Лига Европа кој последен пат го освои пред 15 години, а Севиља по петти и трети во низа.
Ќе успее ли Јирген Клоп да ја прецрта фразата на Гари Линекер кој изјави дека „Лига Европа е натпреварување во кое учествуваат 56 тима, а на крајот секогаш победува Севиља?“ Или Шпанците ќе стигнат до петтиот трофеј, а трет по ред во ЛЕ?
Ливерпул ќе добие само 10.000 влезници за финалето на Лига Европа против Севиља во Базел, што е далеку од побарувачката за карти со која овој клуб се соочува. Клоп ѝ тера инеат на УЕФА и ги вика сите без карти да дојдат.
Севиља важи за домашна екипа, епитет кој го заслужи со фантастичните резултати на Санчез Писхуан, но на гостински терен сезонава немаат ниту една победа и се единствени во Топ 5 лигите по тоа.
Фудбалерите на Шахтјор и Севиља одиграа возбудливо реми во првиот полуфинален меч од Лигата на Европа на кој бранителот на титулата се спаси од пораз со пенал на 8 минути до крајот. На Ел Мадригал Виљареал во финишот му го отежни реваншот на Ливерпул.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Ждрепката за полуфиналните двојки во Лига на Шампиони и Лига Европа стартува во 11:30. УЕФА ја подгрева атмосферата со едно гифче врз кое со еден клик можете бирате противник за второто по ранг натпреварување.
Навивачите на Енфилд вчера гледаа нова драма во режија на Ливерпул кој од невозможното (1-3), направи возможно (4-3). Тоа било причина еден навивач да го крсти новородениот син Дејан по херојот на Црвените.
Бранителот на титулата кој две години по ред ја освојува Лигата на Европа не се дава ниту оваа сезона. По идентичните гостински победи од 1:2, Севиља го елиминираше Атлетик Билбао на пенали со 5:4 и им се придружи на Ливерпул, Виљареал и Шахтјор Доњецк во полуфиналето.
Дејан Ловрен е јунак во инфаркт завршницата против Борусија Дортмунд кој погоди во 91 минута за конечни 4:3 за Ливерпул. Борусија е шокирана бидејќи испушти водство од 0:2 и 1:3. Полуфиналисти се и Шахтјор и Виљареал кои ја анулираа предноста од првите дуели, а Севиља и Атлетик Билбао ќе играат во продолженија.
Сите осум екипи успеаа да постигнат гол што е доказ за големата неизвесност по првите четвртфинални битки од Лигата на Европа. Шахтјор и бранителот на титулата со полн плен од гостувањата, победа за Виљарел пред своја публика.
Легендарната песна на која црвени шалови се креваат на Енфилд, па потоа жолти на Вестфален во Дортмунд и зелени на Хемпден Парк датира од 1945. година и е компнирана за мјузиклот Карусел.
Фудбалската судбина вечерва ќе го врати миленикот на навивачите и управата на Дортмунд меѓу своите. Јирген Клоп со Ливерпул гостува во Дортмунд, па со цел да не ја утне соблекувалната, домаќините во шега му оставиле табла. На прашањето дали ќе слави евентуален гол изјави: „Секако дека ќе славам. Сигурно нема да пијам апче против прослава на гол“.
Францускиот дефанзивец со потекло од Сенегал ги освои симпатиите на Енфилд Роуд и се смета за легитимен наследник на Џејми Карагер и Сами Хипија. Постојат неколку силни причини зошто навивачите на Ливерпул имаат доверба во него.
Големо дерби во четвртфиналето на Лига Европа ќе одиграат Дортмунд и Ливерпул, екипи кои се меѓу главните фаворити за освојување на ова натпреварување.
Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето откако во реваншот со Манчестер Јунајтед одиграа 1:1. Убедливи победи славеа Брага, Севиља и Шахтјор, а понатаму оди и Дортмунд по уште една победа над Тотенхем, овојпат во Лондон.