Таг: кристијано роналдо

После 59 години, Роналдо е прв играч кој дал 25 гола за Јувентус во сезона

Иако за „Старата дама“ играа врвни напаѓачи низ историјата, скоро шест децении ниту еден центарфор не постигнал 25 или повеќе гола. Португалскиот ас ја стигна оваа бројка.

Бомбастичниот гол на Кристијано од 25 метри

Интересно, во вечерта кога Барселона објави на Твитер дека Меси го постигнал 700-от гол во кариерата, и Португалецот го постигна својот 728-ми и тоа прекрасен гол против Џенова (1-3) на гости.

Податок според кој Меси е два пати подобар од Роналдо

Оваа тема е вечен предмет на убедување и така ќе остане и кога ќе одат во пензија, а вистината е дека и двајцата веќе оставија бројки за кои ќе бидат потребни децении за некој да ги стигне. Овие што ќе ги пренесеме одат во прилог на Меси.

Само Ферги знае да прави вакви гестови

Го зема на 18 години, кај него се калеше 6 години, заедно се радуваа на 9 трофеи и големата меѓусебна почит им остана, што можеби и не е случај со Бекам кој доби копачка во глава. Поздравот на учителот за кој сите зборуваа после финалето на ЕП 2016. Безценето.

Кристијано веќе прави шоу на тренинг

По скоро два месеци пауза без тренинзи во клубот, Кристијано се врати од Португалија и веќе неколку дена тренира во базата на Јуве каде се спремаат за продолжување на Серија А.

Еднаш Роналдо го маскираа и дриблаше на сред плоштад во Мадрид

Настанов имаше неколку јаки моменти. Прво што Кристијано комотно жонглираше и дриблаше маскиран пред преполн плоштад во Мадрид, второ што на една девојка ѝ побара број а таа го одби, трето малиот што збунето го гледаше додека ја вадеше периката и четврто толпата која се собра за помалку од 10 секунди.

Роналдо е ова или Путин?

Еден, два, три, четири комбиња изброивме и тоа со затемнети стакла и плус полициска придружба пред нив и позади. Па ова е тотално претеран протокол за превоз на еден фудбалер од аеродром до дома. Како да е Претседател на држава.

Голот за кој Кристијано Роналдо тврдеше дека му е најубав во кариерата

Во реванш четвртфинале од Лига на шампиони, Јунајтед со Фергусон на клупата му гостува на Порто на „Драгао“. Проаѓаат 6 минути и Кристијано распалува бомба од преку 35 метри за 0-1. Мечот така и заврши и Манчестер со вкупен резултат 2:3 од двата меча отиде во полуфинале.

„Роналдо тренира на голем фудбалски терен, а ние дома ќе седиме“

По неколкудневни тренинзи во домашни услови, Кристијано Роналдо го приметиле на градскиот стадион во Мадеира каде тренирал со неколку други фудбалери.

Малиов супер се потрудил

Руни, Кристијано Роналдо, Марадона, Роналдињо, Анри, Бекам, Роналдо, Ван Перси, Тоти, Ривалдо. Од сите овие легенди ќе повтори по еден легендарен гол. Оценката по физичко веќе може да му ја заклучат. Седи 5-ка.

Нов предизвик од Кристијано, полустомачни за 45 секунди

Кристијано Роналдо објави нов челенџ на Инстаграм. Работата е проста: за 45 секунди да направиш што е можно повеќе полу-стомачни.

Не тој Роналдо бе тато

Тоа е, ако не сакаме да бидеме како Валдерама и Фелаини во косите, ќе мора и сами да почнеме да се шишаме, ама сами, а не да имате такви барања од татковците, па после Цацко ви е крив.

Го паметите ли единствениот меч на кој се сретнаа Роналдо против Роналдо?

Кристијано Роналдо и Бразилецот Луис Назарио да Лима Роналдо се луѓе од разни епохи, иако Бразилецот е постар само 8 години од Португалецот и неколку пати беа близу средба од натпреварувачки карактер.

Роналдо има бербер по дома, не мора да излегува

Глобалната пандемија со Ковид-19 секојдневно покажува дека периодов не игра баш голема улога дали си Кристијано Роналдо или обичен смртник.

Кога навивачите на Јуве му аплаудираа на Роналдо во дрес на Реал

На 3 април 2018-та падна еден од најатрактивните голови во Лига на шампиони со акробација која одеше на сите насловни страници. Во четвртфинале Јуве - Реал 0:3 и еврогол на Роналдо од кој можеш да се откачиш само ако го купиш. И потоа го купија.

Кои се најубави 10 гола во кариерата на Кристијано Роналдо

Во ситуација кога фудбалот е на пауза, време е да се потсетиме на најубавите 10 погодоци во кариерата на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Шопингот на Роналдо од 8,5 милиони фунти

Економските мерки во Јувентус кои се состојат од кратење плата во следните 4 месеци не е дека многу го погодија Португалецот кој има пари за уште 100 животи. Ако треба ние дома да седиме, не мора и парите нели?

По колку ќе им скратат од плата на Пандев, Елмас и сите од Серија А?

Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.

Лудачкиот гол на Роналдо против Арсенал

Пред Роналдо и Меси во 2009-та да се сретнат во досега нивното единствено финално соочување во ЛШ, Манчестер Јунајтед во полуфинале за противник го имаше Арсенал. Неблагодарно е да се каже кој му е најјак слободен во кариерата.

Две ремек дела на Роналдо и Меси кои не застаруваат

Тоа што фудбалот е на стенд бај, не значи дека нема што да гледаме. За него има екстремно богата историја, за која не треба многу длабоко да се копа за да се ужива.

Роналдо ги приспособува своите хотели за болници

Кристијано Роналдо го потврди својот голем интерес за општеството и одлучи да го конвертира ланецот на хотели во Португалија во болници со цел да помогне во борбата против ширење на коронавирусот, пишува Marca.

Автобуски правила во Португалија за време на вирусот

Практично се работи за само едно правило кое лично и персонално им го кажа шоферот на патниците. Кој не се сложува знае каде е вратата. Среќен пат.

И Роналдо се нашали со короната

Дербито на Италија го доби Јувентус со 2:0, но без публика го немаше истиот драж. За тоа е свесен и Кристијано кој се поздравуваше со невидливи навивачи.

Зошто италијанско сезонава не е за испуштање

Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.