Очајниот настап на Роналдо против Порто

Го купија за европски успех, му дадоа 30 милиони евра годишна плата нереални за Италија, ама ништо од бизнисот. Веројатно годините и презаситеноста си го направија своето. Плус: „Во мое време на жив ѕид стоеја фудбалери кои не се плашат од топката“, изјави Капело.

Кристијано Роналдо се соочува со три елиминации по ред во нокаут фаза и за прв после низата со Манчестер Јунатед (2004-2006), му се случува три пати по ред да не стигне до полуфинале во ЛШ. Лигата во која царува со 134 гола.

Сезоната 2018/2019 беа елиминирани во четвртфинале од Ајакс, а потоа бележат уште две во осминафинале од Лион и Порто. Екипи на кои сигурно им се израдувале кога ги добиле на ждрепките и за кои Ањели има свое мислење кое му се одби од глава.

Јувентус се реши за ангажман на ултра скапа суперѕвезда како Роналдо со надеж дека ќе им помогне да стигнат до трофејот кој последен пат го имаат освоено со Деј Пјеро, Виали, Конте и компанија во 1996-та.

Но неговото непроценливо искуство, добра форма, како и пет трофеи во ЛШ не беа доволни да ги искачи на тронот во Европа.

Кога синоќа најмногу се очекуваше од него, тој потфрли во меч кои обично му се специјалност и тоа против многу поопасни екипи од Порто. Роналдо делуваше изгубен далеку под нивото на кое сме навикнати да го гледаме, а згора на сè е директен виновник за голот со кој ги елиминираа во 115-та минута.

„Во мое време на жив ѕид стоеја фудбалери кои не се плашат од топката, а овие скокнаа со завртен грб, што е непростливо“, изјави Фабио Капело

Кориере дело Спорт му даде оценка 4,5 и напиша:

Чекаа на него, а тој ги остави на сред улица. Првото полувреме му беше исполнето со незадоволство и нервоза, а во второ имаше само асистенција до Киеза и ништо повеќе, исто како и во продолженијата. Грешката која не се простува ја направи кога се сврте со грб и ги рашири нозете на слободниот удар на Серџо Оливеира.

Настапот на Роналдо во 2 минути

И реакцијата во 115-та минута за која многу го реметата на социјалните мрежи.

Насловите страници на Тутоспорт, Газета и Кориере:

 

10 март 2021 - 10:18