Кога Мбапе за првпат блесна во европскиот фудбал и заигра во Лига на шампиони, на социјалните мрежи се појави фотографија од неговото детство на која се гледа како во собата има еден постери од Кристијано Роналдо.
„Навива за Реал, а Кристијано му е идол. Цело време на интернет гледа видеа со Роналдо“, изјави пред неколку години татко му на Килиан во интервју за Франс Фудбал.
Кога имал 14 години, Зинедин Зидан го викнал на проба и екскурзија во музејот на Реал а семејството Мбапе не размислувало да го пушти малиот во Мадрид. Килиан една недела бил на проба во „кралскиот клуб“, а тогаш му се погодил и роденденот, па бил на тренинг на првиот тим, добил подароци и се сретнал со Роналдо.
Таа фотографија Мбапе вели дека ден-денес ја чува во телефон и му е една од најдрагите:
„Роналдо е идол од моето детство, беше неверојатно кога се сретнав со него. Но сега се е минато. Играм за резултат, така што воопшто не ми значи кој игра против нас. Одам на Бернабеу да победам“, изјави Мбапе на крајот од 2017-та година пред дуелот Реал Мадрид - ПСЖ.
ПСЖ подоцна не се среќаваше често со Јувентус (поточно ниеднаш од 2017-та), па Мбапе на терен одамна се немаше видено со Португалецот (во меѓувреме Кристијано постојано го фалеше Килиан дека фантастичен и многу брз фудбалер со блескава иднина).
Се најдоа во Париз на мечот Франција - Португалија. Килиан веќе зрел фудбалер со освоено Светско првенство и вицешампион на Европа со Пари Сен Жермен.